23:43 - 6 ноември, 2026

Џорџ Клуни прозборе за карантинот со Амал и децата: Миење садови и менување пелени

Instagram

Холивудскиот актер Џорџ Клуни прозборе за периодот на карантини предизвикани од коронавирусот. Тој поголемиот дел од времето го поминувал со неговата 42-годишна сопруга Амал и нивните тригодишни близнаци Александер и Ела.

Оваа година во мај, Џорџ Клуни ќе наполни 60 години, па се подразбира дека за него секако било навистина голем предизвик поголемиот дел од времето да биде затворен дома со тригодишните близнаци кои имаат енергија да поместат планина.

Instagram
Instagram

Тој за „Лос Анџелес Тајмс“ откри како му поминале последните девет месеци.

„Последните девет месеци ги поминав претежно дома. Имам тригодишни близнаци, па навистина беше голема авантура која вклучуваше миење садови и менување пелени. Најчесто моја“, рече Клуни.

Како што вели актерот, тој е свесен дека има голема среќа што ја имал таа привилегија да бира каде ќе го помине тоа време – во вилата од 10 милиони американски долари во Англија, онаа во Лос Анџелес или неговата омилена резиденција на езерото Комо во Италија.

Instagram
Instagram

„Добро е што имаме доволно простор во куќата, а по потреба можеме да уживаме и на воздух“, изјави актерот.

Тој вели дека е убеден дека сите ќе излеземе како подобри луѓе по оваа тешка година.

„Ова беше страшна година за сите нас. Почна лошо и продолжи така до сега… Но, јас сум еден од среќниците затоа што сè уште имам успешна кариера...“, вели тој.

Instagram
Instagram

„Грижејќи се за вашето семејство, истовремено се грижите за целата земја… Ова беше навистина ужасна година, но ќе помине. Убеден сум во тоа“, истакна Клуни.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....