12:26 - 28 ноември, 2026

„Се сретнавме, се погледнавме и се гушнавме“: Аница Лазиќ детално раскажа како започнала врската со 39 години постариот Лазар Ристовски

Аница Лазиќ и Лазар Ристовски веќе подолго време се мета на коментари поради големата разлика во години, но младата актерка тврди дека љубовта се случила „на прв поглед“.

Двајцата се во љубов неколку месеци, што повеќе не го кријат и покрај негативните реакции поради тоа што Ристовски е дури 39 години постар од својата избраничка.

Таа сега проговори за самиот почеток на романсата, нагласувајќи дека веднаш се заљубила во актерот и дека од самиот почеток верувала во својот избор.

„Јас и Лазар се сретнавме без никаков посредник, единствениот посредник ни беше Бог. Се сретнавме во Белград, се гледавме неколку секунди, а потоа се прегрнавме. После таа прегратка седевме и разговаравме со часови. Кога ме прашуваат од кога сме заедно, велам од првиот пат кога се погледнавме. Имавме дискусии дали треба да излеземе во јавноста и да кажеме дека сме заедно. Се договоривме да објавиме, Лазар немаше да биде Лазар ако не го направи тоа на свој начин“, рече таа и продолжи:

„Едно утро објави дека сме заедно додека спиев и отиде на работа. Станав малку подоцна, не го вклучив телефонот веднаш и ме чекаше море од пораки, тогаш не ми беше смешно. Тогаш ги видов насловите кои се објавуваат и денес. Доживеав интернет насилство, побарав помош од психотерапевт, а Лазар ми беше голема поддршка, во тие моменти се прашував како им е на некои деца (кои се соочуваат со булинг)“, изјави Аница во „Јутро“ на Прва.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо
Се вчитува....