13.8 C
Скопје
03:07 - 29 мај, 2026

Се појавија гласини дека Мишо Ковач „едвај преживува“ – пејачот се огласи и ја откри вистината!

мишо ковач

Легендарниот пејач Мишо Ковач остро реагираше на информациите дека се планира хуманитарен концерт за негова финансиска поддршка, порачувајќи дека не му е потребна таква помош.

„Во животот никогаш ништо не сум молел, ниту преку медиумите сум барал парична помош за себе. Првпат слушам дека некој сака да организира концерт од кој приходот би одел за мене. На оние што го пишуваат или го планираат тоа им порачувам да се откажат – тоа не ми треба и не го сакам!“, вели Ковач од Строжанац, во близина на Сплит, каде со години живее со сопругата Лидија.

Според пишувањата, тој живее во тешка финансиска состојба, со пензија од околу 420 евра, поради што, наводно, пријатели сакале да организираат концерт за да му помогнат.

Но, пејачот категорично ги демантира ваквите тврдења.

„Тоа не се мои пријатели. Мојот најголем пријател е мојата Лидија – жената што ја сакам и што ме спаси, жената за која живеам. Луѓето што ме познаваат знаат дека никогаш не би дозволил ваков концерт“, вели тој.

Ковач нагласува дека живее како и неговата публика – чесно и скромно.

„Живеам како што живее мојата публика. По чесно и скромно. И горд сум на тоа“, истакнува пејачот.

Тој реагираше и на наводите дека сите свои финансии ѝ ги доверил на сопругата, која, според шпекулациите, ги инвестирала во злато и накит.

„А дијаманти ништо? Во тоа не вложува? Оној што го кажал тоа треба да се срами. Тоа е лага! А и кого го засега тоа?“, вели тој.

Пејачот додава дека со сопругата живеат мирен и исполнет живот, истакнувајќи ја нејзината огромна поддршка во најтешките моменти.

„Среќен сум што сме заедно, што покрај мене е жената што ја сакам најмногу на светот, која ме подигна кога бев скршен од болката по смртта на мојот син, која ни помогна и мене и на ќерка ми Ивана кога ни беше најтешко“, вели Ковач.

Тој нагласува дека Лидија е неговата најголема љубов и најголема поддршка.

„Ја сакам како никого во животот. Таа беше со мене и во убави и во тешки моменти, кога никој друг не беше покрај мене. Јас немам пријатели – ја имам мојата публика и мојата Лидија, која ми е сè“, додава пејачот.

На крајот, Ковач демантира и шпекулации дека се разделиле по смртта на неговиот син.

„Тоа е лага. Од кога се запознавме, ние сме заедно без прекин“, нагласува тој.

Мишо Ковач и неговата сопруга Лидија се заедно 28 години, а неодамна одбележаа 24 години брак.

Слични објави

По песната посветена на починатите сопруг и ќерка, се огласи Благица Калева од Валандово

apostolova

„Ти реков да не креваш рака на мене“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ сериозно повредена

msp-admin

Дино Мерлин ме научи за емоцијата: Слаткаристика со поддршка за репрезентацијата на БиХ

apostolova

Откриено е кој ќе биде кум на свадбата на Мина Костиќ и Каспер: „Знаев за нивната врска пред сите други“

apostolova

(Фото) Холивудски гламур на Лидија Кочовска, пејачката ги воодушеви сите

msp-admin

„Никогаш не му го кажав тоа“: Џејла Рамовиќ откри во кој пејач од естрадата била заљубена

Еспресо
Се вчитува....