03:28 - 7 ноември, 2026

Роби Вилијамс е позитивен на коронавирус и е „заглавен“ на Карибите

PROFIMEDIA

Пејачот Роби Вилијамс е позитивен на коронавирусот и е во карантин на Карибите, откако со својата сопруга Ајда и нивните четири деца заминале на одмор во Сент Бартс.

Кон крајот на декември, Вилијамс со неговото семејство заминале на патување за новогодишниот период, но пејачот почнал да се чувствува лошо по пристигнувањето на Карибите.

„Роби е прилично болен. Тој е затворен во вилата каде што престојува со своето семејство. Што и не е најлошото место во светот за карантин, иако тој не може да оди на плажа. Тој ќе мора да остане во карантин 14 дена“, изјавил извор близок до пејачот за „Сан“.

Instagram
Роби со неговата сопруга Ајда / Instagram

Извори блиски до 46-годишниот пејач, велат дека откако почна пандемијата со коронавирусот тој еднаш веќе „испаничил“ дека е позитивен на коронавирусот и бил во изолација, одделен од семејството во Лос Анџелес.

Имено, пејачот ги почитувал сите здравствени протоколи и појавувањата во јавноста му биле сведени на минимум.

„Бев многу исплашен“, изјави Роби, во периодот кога стравуваше дека е позитивен на ковид-19.

Тогаш, неговата сопруга сподели емотивно видео од Роби како се враќа од самоизолација.

„Деца кој доаѓа? Кој е тој?“, ги прашала децата, а кога го виделе веднаш почнале да трчаат во неговите прегратки.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....