7.8 C
Скопје
14:56 - 22 декември, 2024

(РАЗГОВОР) СТЕФАН ВУЈИСИЌ, ГЛУМЕЦ: Деминутивна земја сме, од отсуство на темели се стремиме кон барокен покрив

Сакавме да покажеме дека може и со lo-fi пристап да се стигне до квалитет. Квалитет не подразбира само јасна и платена продукција без никаков уметнички текстуален доем туку и токму обратното. Но, бидејќи сме деминутивна земја и од отсуство на темели се стремиме кон барокен покрив, ама тоа се темпорарни сензации, вели младиот и веќе многу успешен глумец Стефан Вујисиќ во разговорот за еспресо.мк.

Во хип-хоп култура и историја каква што е нашата, потешко е да се излезе од конвенционалниот пристап и да се стигне до публиката со експериментален lo-fi пристап, но сепак има поборци на ново, алтернативно движење кое надежно ќе ја повлече целата култура во новиот век.

Во разговорот, глумецот Стефан Вујисиќ квази-интимно ни открива како е да си „граничен“ уметник со дивергентен израз кој решил да се запознае себеси, и дециден е – „не сум една боја, еден прст, една фиока и сакам докрај да се запознаам!“

Млад и веќе многу успешен глумец, како би се претставил накратко себеси на јавноста?

– Некој што патува, почесто во место. Шета хоризонтално и вертикално и е на пола пат во борењето со ветерници и застарени рефлекси.

стефан вујисиќ
фото: приватна архива

Како е да се биде со една нога во две уметности и дали се тие уметности поврзани?  Како одлучуваш во кој медиум како ќе се изразиш и дали конкретен израз бара конкретен медиум?

– Понекогаш претставува проблем за дотичниот „adhd-овец“ да се фокусира на едната и на другата во логичен редослед. Знаат да се помешаат, но тоа и не е толкав проблем во креативна смисла колку што е во перциптивната, од кулата од каде што бдее моето его око.

„Црнила Ремикс“ е попознато ракување на двата медиума, театарско музички перформанс во кој го толкував главниот лик Луков. Тоа беше интересен хибрид на двете мои омилени активности. Размислувам визуелно, па така и ги поимам двете уметности: кинематографски, ликовно…

стефан вујисиќ црнила
Таман кога првите деца ќе установат нешто, веќе како низ мегафон од некаде горе некаков глас изјавува: „Дајте други деца!” и така се формира маѓепсан круг на дежа-ву синдром. А ти си должен/на само да ги сведочиш истите тантруми во друго пакување. фото: приватна архива

Како почна да правиш музика, односно да рецитираш, да рапуваш?

– Имаше едно време во кое што престојував и се поистоветував неколку интензивни години во рап комуната, а тоа беше од 2007 до 2011. Тогаш сцената беше поинаква и не беше толку колоритна, а јас имав некој свој удел. Многу е поинаку кога пристапуваш на творештво од тинејџерски гледен чекор; знаат да излезат иклучителни работи, но да не ги исклучиме хормоните од игра. Генерално мојот рап израз се базираше на скил.

Во 2016 почнав повторно да снимам. Нормално сцената беше поинаква, како и јас. Сè уште имам рефлексии од начинот на рецитирање; неизбежно сум сменет. Се случија работи помеѓу и преку, па таа моја втора ера сè уште трае, а јас се истражувам себеси и пробувам да се побивам од песна во песна на некој свој креативен начин. Сето тоа не е толку маркетиншки френдли, но јас, како и сите ние, не сум една боја, еден прст, една фиока и сакам докрај да се запознаам.

Раскажи ми за „Сам Дома 2“ и влијанието што го имаше пандемијата на слухот и духот на албумот

– Сите снимавме на војс рикордер. Вокалите ги праќавме на продуцентот Лукас Поматски кој на крајот најспретно ги сложи коцките. За „Сам дома 2“ човекот со битовите и дел од аранжманите беше Басмин. Во него пријдовме малку поинаку и излезе супер. Скоро па и да не се забележи дека е снимано на телефон.

Сакавме да покажеме дека може и со lo-fi пристап да се стигне до квалитет. Квалитет не подразбира само јасна и платена продукција без никаков уметнички текстуален доем туку и токму обратното. Но, бидејќи сме деминутивна земја и од отсуство на темели се стремиме кон барокен покрив ама тоа се темпорарни сензации.

Како е да се работи на рап што е толку различен од хип-хоп културата и наследството на бум-бап и како е восприемен од публиката и членовите на хип-хоп заедницата? Дали сметаш дека има простор во нашето општество да излезе во преден план рапот што ти го создаваш од андерграунд?

– Сепак сме земја со помалата играчка и скокаме на најмало. Секој вејв доаѓа за неколку нијанси подоцна и сцената не е толку диверзитивна. Таргет публиката сакале нејќеле е помлада публика во развој и во процес на дефинирање, па затоа и маршира према гласно, а помалку према помалку јасно.

стефан вујисиќ
фото: приватна архива

Таман кога првите деца ќе установат нешто веќе како низ мегафон од некаде горе некаков глас изјавува: „Дајте други деца!” и така се формира маѓепсан круг на дежа-ву синдромот. А ти си должен/на само да ги сведочиш истите тантруми во друго пакување.

Мејнстримот ни е познат како генерален вкус, но според мене постои генерален вкус и во сцената наречена како „алтернатива” која ја нарекувам мејнстрим алтернатива. Малку хип, малку урбано, помалку таинствено, повеќе промаично и прозаично. Е сега, ако си трета опција ти преостануваат помалите ќошиња и доста исфилтриран фитбек.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....