6.8 C
Скопје
13:10 - 26 декември, 2024

РАЗГОВОР СО ЗОРАН АЛЕКСИЌ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА „351 Студио“: Сработивме за Ед Ширан, но и со Бруно Марс, Карди Би, Мигос и стотици други

Македонската продукциска компанија „351 Студио“ допира до милиони луѓе со визуелната уметност и има директен удел во светската поп култура.

Ако сте љубители на музика, сигурно веќе го знаете Ед Ширан, британски кантавтор кој е еден од најуспешните пејачи на меѓународната сцена и кој соработува со големи ѕвезди како, на пример, Џастин Бибер и Тејлор Свифт. Па оттука нè израдува веста дека суперпопуларниот Ширан ја проширил својата листа на соработници и тоа – со Македонци. Имено, македонската продукциска компанија „351 Студио“ го продуцираше новото официјално анимирано видео за Ед Ширан. Пејачот пак, на својата Фејсбук страница премиерно ја објави стрип-анимацијата за својот последен хит „Бед хебитс“ (Bad habits) зад кој во целост стојат македонските креативци. Видеото е изработено во стилот на стриповите од 60.те и 70.те години, а доби одлични критики од фановите на Ширан. По официјалната премиера на Фејсбук, веќе е достапно и на Јутјуб каналот на Ширан, како и на останатите платформи за видео содржини.

ФОТО: 351 Студио

Колку време ви беше потребно за подготовка на видеото?

– За подготвување на видеото ни беа потребни околу 20 денови, а на него работеше тим од околу 10тина луѓе. Продукцијата се одвиваше во неколку фази. Најпрво во делот на пред-продукција каде се дефинираше кративната насока и основните концепти на видеото. Ова е и можеби најважниот дел каде што ние како продукција интензивно сме на линија со издавачките куќи и со менаџерите и ги дефинираме основите на тоа како ќе изгледа финалниот производ и следните фази. Потоа следуваат и останатите фази на продукцијата, но сепак ова важи само за поголеми проекти како овој за Ед Ширан. Од друга страна, многу често добиваме многу кратки рокови за продукција, ден – два, и во тој случај треба многу брзо да дојдеме до квалитетен финален производ. Имавме ситуација во која продуциравме видео за Карди Би за само 24 часа и тој потфат беше успешен благодарение на тимот. Понекогаш сме навистина под стрес, но еве толку години сме во оваа работа и до сега не сме потфрлиле, ни објаснува нашиот соговорник Зоран Алексиќ, генерален директор на „Скај Ај Ентертејмент”- компанијата сопственик на брендот „351 Студио“, потсетувајќи дека оваа продукциска куќа има продуцирано над 2.200 видеа, меѓу кои и „Leave the door open“ од Бруно Марс и Андресон Пак и „Up“ од Карди Би, па дури и за Аријана Гранде, Виз Калифа, Ники Минаж, Мигос и ред други, звучни имиња.

Како стапивте во контакт со тимот на Ед Ширан и другите музичари?

Кога ја основавме компанијата, јас и мојот партнер Илија Тодоровски, имавме јасни цели што сакаме да постигнеме. Знаеме дека ништо не се случува преку ноќ, потребна е посветеност, многу верба, и премногу работа… Музичката индустрија затворен круг и влезот во истата е тежок, но кога ќе се случи, функционира на доверба, издавачките куќи и менаџерите си веруваат едни на други и си препорачуваат. Во контакт сме со стотици луѓе кои носат високи одлуки во музичкиот свет, бидејќи имаме добра репутација, и секогаш соработуваме директно со издавачките куќи, а не преку трети лица, агенции и сл. Честопати сме и во посета на нашите клиенти во Лос Анџелес и Њујорк а и низ Европа. Инаку, нашата компанија е 100% извозно ориентирана. Прецизни сме во роковите и затоа што имаме голем тим, имаме можност за големо производство. Станува збор за брза индустрија, се работи брзо. Но, понекогаш некои песни и материјали ги добиваме и два, три месеци пред да излезат а кога ќе излезе, слушаме од луѓе „леле, колку е добра песната“, а нас веќе ни се смачила од преслушување. Таков е случајот со „Tones and I” и нејзиниот мега хит „Dance Monkey”. Кога ја добивме песната и материјалите воопшто не очекувавме дека тоа ќе биде светски мега хит. Иако за нас беше доста симпатична песна, самата изведувачка беше прилично непозната.

ФОТО: 351 Студио

Какво е вашето искуство со странските уметници?

– Станува збор за прекрасно искуство. Голема чест е да се работи со нив бидејќи се вистински професионалци. Единствени. Најголемото задоволство е во тоа што оставаме длабок печат во времето во кое живееме, бидејќи допираме до милиони луѓе со она што го продуцираме и имаме директен удел во поп културата на глобално ниво.

ФОТО: 351 Студио

Дали се најавени нови соработки и што е следно за „351 Студио“?

– Моментално работиме на околу 15-тина проекти, некои од нив и за големи звучни имиња, но за жал не можам да ги споделам со вас бидејќи проектите сè уште се држат во тајност и не се најавени, а според договорите за доверливост, не би смееле да споделуваме ништо во оваа фаза. Постојано сме во потрага по креативни луѓе за проширување на нашите тимови. Со тоа нашите цели се јасни – да се шириме како компанија и се стремиме кон уште поголеми успеси надвор од нашата земја.

ФОТО: 351 Студио

Слични објави

(Фото) Живот со стил во божиќната Виена: Елена Најдоски блесна во прекрасни модни комбинации во австриската престолнина

Еспресо

(Фото) Аница објави никогаш видена фотографија со Лазар Ристовски: Таа го гушка, актерот пресреќен!

Еспресо

Се потпишаа 14.000 луѓе: Покрената петиција против новогодишниот настап на Јелена Карлеуша во Крагуевац

Еспресо

„Рампата беше спуштена, само рекоа…“: Гога раскажа сè за синоќешното приведување на границата со Хрватска

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ го честиташе Божиќ: Ѕирнете во празничната идила во домот на пејачката!

Еспресо

Хороскоп за 26 декември: Скорпијата ќе добие нова шанса, Лавот ќе доби одлични вести од странство

Еспресо
Се вчитува....