20:45 - 7 ноември, 2026

Раста ужива во пентхаус со поглед на Белград – во овој луксуз ја служеше затворската казна

Познатиот српски репер Стефан Ѓуриќ – Раста веќе со години живее во луксузен стан на Врачар, една од најпрестижните и најскапите локации во Белград. Токму од оваа луксузна адреса, тој често споделува кадри од приватниот живот со своите следбеници.

Базен, скара и фризер на огромната тераса

Посебно внимание во неговиот дом привлекува пространата тераса од која се протега панорамски поглед на речиси целата српска престолнина, вклучувајќи го и Храмот Свети Сава. Реперот овој дел од станот го претворил во вистинска оаза за одмор и уживање без воопшто да мора да излезе надвор.

На терасата има сместено базен и простор за подготовка на храна, па таму ги поминува топлите денови подалеку од градскиот метеж. Колку Раста е опуштен во својот пентхаус докажува и фактот што тој неретко се шиша токму на отворено. Неодамна сподели и фотографии на кои позира во заштитен мантил додека неговиот фризер го средува на терасата, што веднаш ги подгреа шпекулациите кај фановите дека реперот можеби подготвува промена на својот препознатлив имиџ.

Оаза во која ја одлежа казната

Оваа луксузна недвижност за Раста има и посебно животно значење. Наместо во класична затворска ќелија, токму во овој стан реперот своевремено го помина периодот на куќен притвор. Тој тогаш ја служеше затворската казна со електронски надзор, односно со наногица, поради што со месеци беше врзан исклучиво за овој простор.

Денес, сепак, Раста ја користи истата локација за забава, дружење со пријателите и чист хедонизам.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....