12.8 C
Скопје
05:14 - 26 септември, 2026

Пронаоѓачот на „World Wide Web“ најавува редизајн на сајбер просторот: Луѓето треба да имаат контрола

Instagram

Сер Тим Бернерс – Ли, британскиот компјутерски научник, кој доби посебно признание за измислување на интернет системот за навигација, познат како „World Wide Web“, сака да го редизајнира сајбер просторот.

Со новиот стартап наречен „Inrupt“, Бернерс – Ли има за цел да поправи некои од проблемите кои ја хендикепираа таканаречената „отворена мрежа“ во ера на огромни, затворени платформи како што е „Facebook“.

Врз основа на идеи развиени од софтверски проект со „отворен извор“ наречен „Solid“, тој ветува мрежа каде што луѓето ќе можат да користат единствено најавување за која било услуга, а личните податоци ќе се чуваат во посебни „капсули“ т.е магацини за лични онлајн податоци, контролирани од корисникот.

„На луѓето им е доста од недостаток на контрола“, изјави Бернерс – Ли, еден од основачите на „Inrupt“.

Instagram
Instagram

Според него, новата веб – платформа ќе овозможи споделување содржини директно помеѓу луѓето и соработка која им овозможуви успех на големите социјални мрежи и истовремено добија огромна контрола врз нивните корисници.

Новата платформа, според нејзиниот основач, има потенцијал да донесе нова револуција во областа на програмирањерто, а девелоперите, хакерите, активистите и корисниците да се чувствуваат безбедно и да започнат да создаваат содржина на децентрализиран начин, каде интернет гигантите како „Google“ или „Facebook“ нема да ги „контролираат“.

Џон Брус, еден од директорите на „Inrupt“, вели дека на компанијата пилот – клиенти им биле дадени британскиот институт за јавно здравје, „Би-Би-Си“ и владата на Фламански регион во Белгија.

Меѓу инвеститорите во комнпанијата се „Hearst Ventures“, „Octopus Ventures“ и „Akamai“.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Хана Хуљиќ за Петар Грашо: „Од концерт доаѓа дома во четири-пет наутро само за да биде со нас“

Еспресо

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.
Се вчитува....