13:09 - 7 ноември, 2026

Принцот Вилијам пред венчавката на својата сопруга и дал ветување кое не го прекршил никогаш

За разлика од многуте жени кои станале снаи во британското кралско семејство, војвотката од Кембриџ не морала да се се согласи на некои тешки приватни откажувања…

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон (38) е многу блиска со своето семејство – родителите Керол и Мајкл, братот Џејмсон и сестрата Пипа Мидлтон. Како што пишуваат британските медиуми, нејзиниот сопруг принцот Вилијам и ветил дека нивниот однос нема да настрада откако Кејт ќе стане член на кралското семејство.

Фото: Профимедиа

Во документарниот филм „Кејт Мидлтон: Од работничката класа до Виндзор“, новинарката Кејти Никол објасни дека Вилијам со тоа го прекршил стариот обичај неговата сопруга да го остави своето семејство зад себе.

Фото: Профимедиа

„Кога Вилијам ја запросил Кејт, јасно и дал до знаење дека нема да мора да го остава своето семејство зад себе кога ќе влезе во неговото семејство. И ветил дека тие секогаш ќе бидат дел од семејството, а тоа е така и до денес. Така членовите на семејството на Кејт се присутни на бројни случувања кои ги организира кралицата“, истакна таа.

Фото: Профимедиа

Најблиското семејство на војвотката секогаш присуствува на семејните собири, а на венчавката на сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон еден од гостите беше и братот на Вилијам, принцот Хари, додека на венчавката на Хари присуствуваше целото семејство Мидлтон.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....