14:08 - 25 септември, 2026

Повторно должи пари на својата држава: Тони Цетински треба да врати 22.000 евра!

Тони Цетински

Управата за јавни приходи во Република Хрватска ја објави листата на должници, а на списокот помеѓу тие кои не си ги завршиле обврските, се најде и познатиот пејач Тони Цетински (51).

Покрај Цетински, на овој список се нашле и други познати личности од Хрватска. Има доста спортисти, но и естрадни ѕвезди. Со долг од околу 22.000 евра на листата на должници се најде и популарниот пејач.

Покрај него, на списокот го има и пејачот на хрватскиот бенд „Прљаво Казалиште“, Јасенко Хоур (60), односно со долг од 20.315 евра – пренесува „24сата.хр“.

Инаку, Тони во 2018 година беше во центарот на скандалот, кога се дозна дека за данок должи дури 43.000 евра. Пејачот тогаш откри дека за долгот виновна била неговата поранешна сопруга Ивана. Како што навел, тој прифатил да биде жирант, поради што сега морал да го продаде станот, за да го отплати нејзиниот долг.

– Дозволив да бидам во групата на најглупите граѓани. Бев жирант за кредит на поранешната сопруга и паднав во замка. Денеска тоа го отплаќам – навел Тони.

Сепак, неговата жена остро ги демантирала овие наводи, па јавно откри што се случило.

– Тони беше содолжник, а не жирант за двата стана кои ги купивме пред разводот. Ги поделивме становите, а исто така и кредитите, но јас како главен должник платив данок за двата стана, а не тој. Повраток на половината ја барав по судски пат, но се согласивме да ми плаќа на рати – рекла поранешната сопруга на Цетински.

Слични објави

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо

(Видео) „Би сакал да ги кријам партнерите но не ми успева“: Сергеј Варошлија искрено за љубовта

Еспресо

Катарина Лазиќ на удар поради здравиот живот: „Почни да пиеш како Дарко, да не најде некоја слична на себе“

E.A.

(Фото) Жак Хоудек ослабел 30 килограми: „Би сакал да симнам уште 30“

Еспресо
Се вчитува....