15.8 C
Скопје
22:53 - 27 септември, 2026

Поранешната принцеза од Катар е пронајдена мртва во својот дом во Марбела

Касија Галанио (45) беше трета сопруга на милијардерот Абделазиз бин Калифа Ал Тани (73), вујко на сегашниот емир на Катар.

Касија тврдеше дека нејзиниот поранешен сопруг, поранешниот министер за нафта и финансии на Катар, кој беше најстар син на претходниот емир Калифа бин Ал Тани, сексуално злоупотребувал една од нивните три ќерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kashounia


Тој ги негираше обвинувањата, пренесува „Дејли мејл“.

Галанио, која водеше раскошен начин на живот, одеше на забави на познати личности и присуствуваше на екстравагантната венчавка на Софија Вергара со Џо Манганиело во 2015 година, беше пронајдена мртва во неделата наутро во Шпанија по сомневање за предозирање со дрога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kashounia


Според Ле Парисен, шпанската полиција го пронашла нејзиното тело во кревет без знаци на физичко насилство.

Пронајдена е откако нејзината најмлада ќерка од Париз ја известила шпанската полиција дека со денови не може да стапи во контакт со мајка си.

„Ел Паис“ пренесува дека чуварот ѝ дозволил на полицијата да влезе во нејзиниот стан во неделата околу осум часот наутро.

Галанио неодамна помина неколку месеци во болница, а медиумите објавија дека доживеала нервен слом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kashounia


Поранешниот кралски пар веќе 15 години е сред жестока битка за старателство над децата.

Двојката има близнаци (17) кои првично живееле со својот татко, пред да решат да се преселат со мајка им во Марбела.

Тие имаат уште една ќерка, која има 15 години и сè уште живее со нејзиниот татко во луксузен стан во Париз, каде што тој беше протеран по државниот удар што го предводеше неговиот полубрат Хамад бин Калифа Ал Тани во 1995 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kashounia


Галанио, која е по потекло од Полска, пораснала во Лос Анџелес и го запознала својот поранешен сопруг кога имала 19 години. Тие се венчаа во 2004 година.

Ќе биде извршена обдукција за да се утврди точната причина за смртта на поранешната принцеза од Катар, пренесуваат медиумите.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....