5.8 C
Скопје
07:12 - 1 април, 2026

Поранешна учесничка во „Парови“: Ме киднапираа и ми се закануваа дека ќе ме фрлат во Скадарско езеро (ФОТО)

Ирма Сејраниќ поранешна  учесничка на реалното шоу „Парови“ за маку обиколка околу Скадарско езеро кое се наоѓа на границата помеѓу Црна Гора и Албанија ќе ја платела со живот.

Поранешната учесничка на реалното шоу едно попладне на повик на свои пријатели одлучила да замина во Бар и да го посети познатото езеро.

– Ирма понекогаш е како мува без глава, знаете како велат за луѓето кои не прашуваат ништо, само да влезат некаде. Иако во Будва имаше луксузен хотел на располагање, таа сакаше малку авантура. Се слушнала со блиски пријатели кои живеат во Бар и со нив договорила еднодневна екскурзија . Кога дошла до делот каде туристите се качуваат на бродчињата, гледајќи во телефонот влегла во едно мало бродче на повик на двајца крупни момци, мислејќи дека тоа е бродот кој ги чека.

– Дури кога тргнале, на Ирма и станало јасно каква кобна грешка направила и дека ниту еден од момците на бродот не е нејзин пријател. Тогаш веќе било доцна. Ја фатило паника и страв. Им кажала на момците да ја вратат назад и дека направила грешка, но тие само се смееле и се преправале дека не ја разбират што зборува -раскажува извор близок на Ирма.

– По некое време еден од нив и се приблжил во лице со зборовите: „Убавице, знаеш ли каде те водиме? Таква „мачка“ како тебе може да заработи многу пари. Таква русокоса убавица може да живее како кралица. Одиш со нас и нема враќање назад или ќе завршиш на дното на езерото. Ирма почнала да плаче и да ги моли да ја пуштат. Момците цело време се смееле и ја провоцирале. После дваесет минути агонија пристигнал спасот. Имено, нејзините пријатели од локалните морнари дознал во кој брод влегла Ирма, па веднаш тргнале да ја бараат. Ги пристигнал брзо, а Ирма како на филм скокнала од бродот во кој се возела во тој на пријателите. Насилниците веднаш избегале, а пријателите на Ирма подоцна и објасниле за какви луѓе станува збор – изјавил изворот.

– Три минути ми беа ужасни. Мислев дека е готово, видов дека имаат ножеби и веќе се гледав како ме бодат и како ме фрлаат на дното од езерото. Само Господ ме спаси од тие манијаци – рекла Ирма.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....