0.8 C
Скопје
05:20 - 10 март, 2026

„ПОБЕДА ВО ВОЈНАТА И НА ЕВРОВИЗИЈА“: Соништата на едно украинско дете го обиколија светот за неколку часа!

Ученик од Северодонецк во една своја домашна задача раскажал кои се неговите планови за пролетта. И за неколку часа неговите зборови го обиколија светот.

Тешко е да му објасните на детето дека неговата земја е среде војна: не знаете со кои зборови да го натерате да разбере зошто неговиот дом, неговото училиште, неговиот град секојдневно се погодени од бомби.

Но, понекогаш децата со својата невиност знаат многу подобро да ги изразат своите емоции од возрасните. Тоа го покажа едно дете од Украина, кое на училиште напиша состав кој за кратко време го обиколи светот.

Наставникот задал тема: „Кои се твоите планови за пролетта?“.

Едноставно прашање, на кое ученикот со сета детска искреност (и наивност) одговори: „Прво ќе победиме во војната, а потоа на Евровизија. Кога ќе стане потопло, целата наша земја, сите заедно, ќе одиме на море на Крим “.

принтскрин фејсбук

Ова се зборовите на едно дете од Северодонецк, украински град во областа Луганск. Дете кое и покрај годините изгледа добро знае што се случува во неговата земја и успеа во неколку едноставни реченици да го искаже она што би го сакал целиот украински народ. А со зборот „заедно“, покажува како дури и најмалите ја чувствуваат блискоста на нивните сонародници и нивниот сојуз против руската инвазија.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....