Пиштолот „Walther PP“, кој Шон Конери го користеше во првиот филм за Џејмс Бонд е продаден на аукција во Беверли Хилс за 256 илјади долари, надминувајќи ги очекувањата, соопшти аукциската куќа „Julien’s Auctions”.
Шкотскиот актерски великан Шон Конери, првиот Џејмс Бонд, почина на 31. октомври во својата куќа на Бахамите на 91 година.
Деактивираниот полуавтоматски пиштол „Walther PP“ го користеше во филмот „Dr. No“ од 1962-та година.
Аукциската куќа „Julien’s Auctions” соопшти дека купувачот, кој сакал да остане анонимен, е Американец и дека заедно со своите деца ги изгледал сите филмови за Џејмс Бонд.
Со постигнатата цена од 256 илјади долари пиштолот е продаден за повеќе од очекуваните 200 илјади долари.
На истата аукција за 108 илјади долари се продадени и кацигата на Том Круз кога ја носеше во „Top Gun“, и самурајскиот меч на Брус Вилис од „Pulp Fiction“, кој достигна цена од 35.200 долари.
Слични објави
Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра
Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“
Се вчитува....
