11:23 - 31 октомври, 2026

Пеколот започна по свршувачката! Толерирав поради бременоста, се будев целата во пот! (ФОТО)

– Секоја жена пред да стапи во брак, покрај љубовта, треба и да го запознае својот партнер. Јас бев занесена и заљубена. Одма по свршувачката започна мојот пекол. Трпев бидејќи имав ризична бременост и се посветив на тоа да родам здраво девојче, а проблемите ги ставав под килим. Подоцна се кулминираше – вака ја започнува својата исповед српската пејачка Наташа Беквалац по разводот со Лука Лазукиќ за српскиот таблоид – Информер.

– Се уште имам лошо чуство во стомакот кога ќе се сетам на тоа. Страшно психичко и физичко малтретирање. Како и секоја жртва на насилство, изгубив самодоверба и бев отсечена од семејството и пријателите… Останав сама – продолжила Беквалац.

Курир.рс/Соња Спасиќ

– Тој мене не ме удри, тој ме претепа. Тоа беше крај, бев понижена, но за мене полошо од ударите беше судскиот процес, бидејќи во судницата се чувствував дека јас сум крива и како да е обратна ситуацијата, особено кога ме прашаа – „дали мислите дека е во ред што нагло го разбудивте вашиот маж“, се обидоа да ме направат виновна, а јас почнав да верувам дека можеби и сум, но докажав дека не сум, бидејќи вештачењата покажаа дека не би можела да се повредам сама.

– Хиперсензитивна сум, па побарав помош од психотерапевт за да не бидам трајно емотивно оштетена. Со месеци спиев само по 2-3 часа, се плашев да заспијам бидејќи имав кошмари, се будев целата во пот, исцрпена – изјавила познатата пејачка.

Фото: Курир.рс/Лилјана Станишиќ, Марина Лопчиќ

Сепак, таа вели дека сепак важно и било нејзините ќерки да имаат добар однос со татковците.

– Најважно ми е децата да имаат добар однос со нив. Хана го има, а се надевам дека и Катја ќе го има.

 

Слични објави

(Фото) „Сине мој, мојот најголем благослов…“: Немања Гудељ сподели емотивна објава за синот Илијан

Еспресо

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.
Се вчитува....