20.8 C
Скопје
17:19 - 12 март, 2026

Пејачката позната по скандалозното однесување призна: Половина година сум трезна

Пејачката по операцијата на гласните жици гостуваше во емисија во која откри дека сега навистина е трезна.

Мајли Сајрус, позната по една од најекстремните трансформации од детска ѕвезда во поп сензација, откри дека влегла во процес на некосумирање на алкохол или наркотици при подготовката за операција на гласните жици, и дека потоа одлучила да продолжи со таквиот стил на живот и по операцијата.

инстаграм

Како една од нејзините причини за ваквото однесување таа го наведе нејзиното семејство, за кое, како што вели, има „историја со зависноста и проблемите со менталното здравје“.

Говорејќи во подкастот „Big Ticket“, 27-годишната Мајли кажа дека е трезна во последните шест месеци.

„Многу размислував за својата мајка. Мојата мајка е посвоена, а јас од неа наследив некои чувства, како желбата да се докажувам, да бидам посакувана и вредна“, изјави пејачката.

инстаграм

„Си поставив на себе прашање зошто сум таква каква што сум, и кога ќе го разбереме своето минато, сегашноста и иднината сите нешта појасно ги сфаќаме“, наведе Мајли истакнувајќи дека терапијата е одлична работа која и помага да го надмине самодеструктивното однесување.

Слични објави

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо
Се вчитува....