18:06 - 1 април, 2026

Пејачката Камила Кабељо проговори за болеста: Ми го одзема животот и ме направи да бидам нешто што не сум!

Популарната пејачка Камила Кабељо во новиот есеј за „Wall Street Journal“ открила за се уште непознати детали од нејзината борба со анксиозноста и опсесивно-компулсивното растројство.

„Плачев во автомобилот и разговарав со мајка ми за тоа колку ме мачи анксиозноста и ОКР. Во хотелската соба читавме книги за ова пореметување, бидејќи очајно ми беа потребни утеха и олеснување. Цело време доживував ужасна и немилосрдна тешкотија поради која ми беше навистина тешко“, напишала пејачката.

View this post on Instagram

?

A post shared by camila (@camila_cabello) on

„Се срамев од оваа состојба и одбивав да зборувам за тоа бидејќи сакав да оставам впечаток на силна жена“, додала.

„Мојот живот на социјалните мрежи не е мојот вистински живот. Позади блескавите настапи и луксузниот живот се криеше една голема тајна, но не сакав луѓето кои веруваа во мене и моите способности да помислат дека сум слаба“, признала Камила.

Со болеста во последно време добро се носи и вели дека сега ја има прифатено како „пријателка“.

View this post on Instagram

❤️

A post shared by camila (@camila_cabello) on

„Пред ова таа беше нешто што ми го одземаше животот и мојот хумор, креативноста, радоста, довербата во самата себе и многу други работи. Знам дека таа сака само да ме заштити, но не ѝ посветувам многу внимание. И сигурно веќе не ѝ дозволувам да наместо мене носи одлуки“, заклучила пејачката во текстот.

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....