6.8 C
Скопје
08:43 - 1 април, 2026

ПАРТНЕРОТ НА АНА БЕКУТА Е НА РЕСПИРАТОР: Лекарите се борат за животот на Мрка

Партнерот на познатата српска пејачка Ана Бекута е на респиратор. Српскиот политичар, почесен претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ-Мрка (79) е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.

Како што потврдиле од болницата за српски „Курир“, Мркоњиќ е на одделението за Интензивна нега, на апарати и приклучен на респиратор, а лекарите прават се за да му се стабилизира состојбата.

Мркоњиќ веќе долго време е во болница, а сега состојбата нагло му се влошила.

Да потсетиме, Мркоњиќ на почетокот на месецот завршил на кардиоваскуларната клиника во Белград, каде што му бил вграден пејсмејкер. Во август ги оперирал срцевите залистоци, и тоа со нов метод, преку препоните.

Милутин и на почетокот на годината бил во болницата „Драгиша Мишовиќ“, но тогаш тестовите покажале дека е негативен на ковид 19.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


– Немав коронавирус, но ме задржаа бидејќи ми најдоа лузни на белите дробови. Но, имав воспаление на мочниот меур, а промените во белите дробови не се последица на коронавирусот – изјавил тогаш Мркоњиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

Бекута и Мркоњиќ се речиси девет години во врска, а српските медиуми пишуваат дека пејачката е неутешна поради здравствената состојба на нејзиниот партнер.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....