09:42 - 12 ноември, 2026

ВИ ТРЕПЕРИ ОКОТО: Ја предвидува иднината или тоа е знак за сериозна болест?

око

Треперењето на очните капаци во медицината се нарекува блефароспазам, а кај народот – играње на окото.

Науката вели дека тоа се почесто се случува поради седење пред компјутер, стрес, недостаток на сон или нервно растројство, додека народното верување пак, тврди дека причината е знак. Само треба правилно да се толкува.

Кина

Во Кина, треперењето на левото око се смета за среќа, а доколку ви трепери десното, тогаш тоа е лош знак. Меѓутоа, ако на жената ѝ трепери долниот капак на левото око, тоа значи дека некој ја озборува.

Индија

Индијците веруваат дека доколку ви трепери левото око тоа е лоша среќа, а десното око – тоа е добар знак. Значи, сосема спротивно од Кинезите.

Хаваи

Се верува дека вибрацијата на левото око значи доаѓање на странец во семејството, а ако тоа око трепери без престан, тогаш тоа значи распад на семејството.

Луѓето имаат различни верувања кога станува збор за оваа тема. Има толкувања дека треперењето на десното око значи дека ќе се оствари она што сте го помислиле во тој момент, додека треперењето на левото око е лош предзнак.

Во некои делови од светот се верува дека ако на жената ѝ трепери левото око, повторно ќе го види својот сакан. Веројатно тоа е добар знак за сите жени кои се загрижени дали нивните сопрузи ќе се вратат од некое патување.

На друго место, се верува дека треперењето на горниот очен капак на левото око значи раѓање на машко дете а долниот, лоша вест. Треперењето на десното око значи радост во семејството, а долниот дел, создавање на ново пријателство.

Слични објави

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо
Се вчитува....