17:32 - 7 ноември, 2026

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еден од најозборуваните филмови годинава е остварувањето „Ова завршува со нас“ („It Ends With Us“), во кое главната улога ја имаше Блејк Лајвли, сопругата на познатиот „Дедпул“ Рајан Рејнолдс.

Во текот на промоцијата на филмот, Блејк се најде на удар на јавноста бидејќи одби да зборува за насилството кое, меѓу другото, е тема на споменатиот филм, туку го користеше за сопствени реклами и промоции, а сега јавноста ја запали веста дека актерката поднесе тужба против Џастин Балдони, колега од филмот и режисер на ова остварување.

Магазинот „Пипл“ пренесува дека однесувањето на Балдони во текот на снимањето ги вознемирило и неа и нејзиното семејство – меѓу другото, таа го тужи за сексуално вознемирување.

Блејк во тужбата тврди дека Балдони импровизирал сцени со бакнување и други интимни моменти и често давал коментари кои биле од сексуална природа. Балдони, исто така, без нејзина дозвола, во текот на сцената со бакнеж ја „грицкал и цицал нејзината долна усна“, а потоа постојано барал сцената да се снима, се наведува во тужбата.

Актерката навела во тужбата и дека во текот на отстранувањето на шминката, во нејзината приколка на сетот додека била со шминкерите, била топлес, поради што му рекла на Балдони да не влегува, како и дека на негово инсистирање „неволно се согласила, велејќи дека тој мора да биде свртен од неа и да не ја гледа“. Кога се свртела, таа видела дека тој цело време, сепак, ја гледа.

Во тужбата се наведува и дека тој ѝ покажувал фотографии од голи жени, разговарал за своите интимни освојувања, а во една прилика, додека разговарал за сцената од нивната прва брачна ноќ, ја прашал актерката дали таа и нејзиниот сопруг во исто време доживуваат оргазам.

Балдони наводно тајно му се јавил и на личниот тренер на Блејк и му рекол дека таа треба да ослабе.

Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, се осврна на нејзините „лажни, срамотни и гнасни наводи“, тврдејќи дека актерката ја поднела тужбата за да ја поправи својата негативна репутација. Лајвли, од друга страна, го обвини тимот на Балдони дека се обидува да ја уништи нејзината репутација преку пресметана кампања на социјалните мрежи.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....