10.8 C
Скопје
22:29 - 3 април, 2026

Одлична е: Карантинска нова песна на Сара Мејс (ВИДЕО)

Уникатно, креативно и во свој стил, Сара Мејс во време на коронавирус издаде нова песна.

Песната тргна како музички мотив на харфа, која таа го објави на својот профил за време на изолација и предизвика еден од нејзините колеги музичари да отсвири бас линија врз нејзината тема. Музичарите продолжија да се предизвикуваат и до крај на денот тие стигнаа до дел од строфа која беше исто така објавена на Facebook.

Целосната песна ја имаме денес и се вика „Наше време“. Со неа и карантин видео – секој сниман во сосема домашни услови. Додека трае полицискиот час, во удобноста на домот се создава оригинална македонска музика, која со сигурност ќе го врати позитивниот дух кај секого.

Сара Мејс преку песната испраќа силна порака – еден ден сѐ ќе биде во ред и времето кое го живееме сега, ќе биде раскажувано од нашите деца во иднина. Песната има пријатна мелодија и длабок текст, што инспирира и дава надеж, за полесно да се поминат овие тешки денови на карантин и пандемија.

„Убав ден ќе биде, ќе нѐ грее сонце силно сите тогаш, некој ќе ни спомне, ќе ни раскаже како било некогаш“, вели Сара Мејс во песната. А, ние со сигурност ќе им раскажуваме на идните генерации за овие времиња кои што ги живееме. Некои со пишан збор, некои со песна како „Наше време“.

Тимски создадена, музиката на „Наше време“ е на Сара Мејс, како и изведбата на харфа, вокали – Сара Мејс, Теона Јованоска и Матеј Додевски, Симеон Ангеловски – бас гитара, Драган Теодосиев – тапани, Зоран Јагоридовски – конги, додека за звукот се погрижи Ивица Јанкуловски.

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....