21:44 - 5 април, 2026

Необични работни позиции во Бакингамската палата: Вработен кој ги разгазува чевлите на кралицата Елизабета, човек – будилник или дегустатор на храна

кралица елизабета

Денеска започнуваат прославите за 70-годишнината од владеењето на кралицата. Голем дел од вработени во палатата се вклучени во организацијата по повод овој јубилеј. Доколку се прашувате што би можеле да работите во Бакингамската палата имаме неколку интересни предлози за вас.

Кралицата Елизабета, за да не пропушти ништо во луксузот во кој ужива, покрај редовната услуга, стилисти и чувари, има и неколку лица кои вршат многу бизарни работи во Бакингамската палата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Носач на чевли – личност која ги носи чевлите наместо кралицата со цел „да ги разгази“ за кралицата да нема непотребни непријатности при секој нов пар чевли.

Чувар на уметнички вредности – Иако палатата има чувари, кралицата има ангажирано специјално лице кое е исклучиво задолжено да се грижи за вредните слики што ги поседува во палатата, а се проценува дека ги има над седум илјади.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Мајстор за музика – Кралицата не ja избира музика случајно. Затоа го ангажирала композиторот Џудит Веир, која ќе остане на таа позиција десет години.

Човеч – будилник – Додека повеќето луѓе се будат со помош на непријатен аларм од будилникот или мобилниот телефон, кралицата ангажирала приватен свирач на гајда, која секое утро ја буди во 9:15 часот свирејќи под нејзиниот прозор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Часовничар – во палатите има повеќе од илјада часовници, од кои некои се стари повеќе од сто години. Затоа Елизабета ангажирала лице кое ги посетува и ги проверува сите тие часовници секој ден и ги навива или ги поправа доколку е потребно.

Дегустатор на храна – Кралицата и нејзиниот сопруг, принцот Филип, чекаат пред секој оброк да слушнат што мисли лицето кое е вработено да ја дегустира храната пред нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Одговорен за коњите – Не е тајна дека кралицата обожава јавање и покрај нејзината возраст, таа не ја пропушта можноста да јава коњ. Сепак, таа е придружувана од нејзиниот „мастер“ за коњи, Лорд де Молеј, кој секогаш и се придружува во јавањето.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....