13.8 C
Скопје
21:40 - 24 април, 2024

Најфаталните дами во Зодијакот се родени во овие четири знаци

девојка

Астролозите ги откриваат сите тајни на женскиот хороскоп – од тоа како треба да ја „прочитате“ жената што ви се допаѓа, па се до тоа како да ги протолкувате „малите сигнали“ што ви ги испраќа доколку е заинтересирана за вас.

Овен

Жената Овен е еден од најжестоките хороскопски знаци. Нејзиното либидо е жестоко, силно, што доаѓа до израз во првиот контакт каде остава впечаток на личност која знае што сака. Тие пленат со извонредна убавина, а нивните очи ги оставаат сите без здив. Сакаат акција, авантуристи се и се тип на луѓе на кои можете да им се јавите и да им кажете: „Пакувај се, ајде на одиме на патување за половина час“.

Нивната планета е Марс, а таа ги прави упорни, проактивни, па дури и агресивни во некои ситуации. Независноста е клучниот збор кога зборуваме за припадничките на овој хороскопски знак. Не сакаат да примаат наредби од другите и уживаат да го прават она што го сакаат.

Бик

Припадничките на овој знак од Зодијакот се вистински дами и на начин што им е познат само ним. Тие секогаш успеваат да го добијат она што го сакаат. Стилот на жената Бик е елегантен, женствен и уникатен. За нив не е важна количината, туку квалитетот. Овие жени се силни и темпераментни, иако понекогаш знаат да се кријат зад нежното лице и топла насмевка.

Понекогаш се премногу тврдоглави и ретко попуштаат први. Жените родени во овој знак не можат да поднесат кога некој им кажува што да прават или дека грешат. Во исто време, тие знаат да бидат многу остри, па дури и непријатни во комуникацијата, дури и кон луѓето кои им се многу блиски. На овие жени им е тешко да простат, а уште потешко да заборават, и затоа се фатални – особено во љубовта. Затоа, бидете внимателни со овие воинствени убавини – тие можат да бидат опасни за сечие срце.

Близнаци

Изразени јаболчници и тесното лице е нешто по кое се препознатливи дамите во овој воздушен знак. Ако ова не се совпаѓа со описот на Близнаците што ги знаете, тоа е веројатно затоа што тие сакаат да експериментираат со изгледот до непрепознатливост.

Динамиката е најважната карактеристика на нивниот карактер. Бескрајно ја ценат слободата и независноста. Не дозволуваат никој да владее со неа, ниту пак ја наметнува својата волја. Тие се многу интелигентни. Жените во овој знак од Зодијакот во срцето се секогаш бунтовници кои не можат долго да бидат на едно место. За овие жени, особено во младоста, играта е смислата на животот. И покрај нивниот остар ум, тие се меки и многу емотивни.

Рак

Жената родена во знакот Рак е многу чувствителна, сензитивна и емотивна личност. Но, за да се одбрани од светот, таа се обидува да ги скрие своите чувства. Полните усни, згодното тело и експресивната боја на очите се нешто што ја краси речиси секоја припадничка на овој знак. Многу се грижат, дури и за луѓе кои не го заслужуваат тоа. Сакаат да готват, особено за семејството, и уживаат во тоа.

Нивниот недостаток е што се премногу емотивни и чувствителни, особено кога ги критикувате и не ги поддржувате. Сакаат да слушаат кога некој им изразува љубов, бидејќи тоа им дава сила и волја да се борат со сите животни предизвици.

Лав

Донекаде е логично што косата е нивниот заштитен знак. Изгледот, волјата и авторитетот им овозможуваат на жените во овој хороскопски знак да бидат жени кои доминираат во љубовните врски. Иако понекогаш се премногу самоуверени, на жените родени во овој огнен знак често им треба внимание и комплименти. Гордоста, и честопати суетата, играат голема улога во постигнувањето успех по секоја цена.

Лавиците знаат да бидат арогантни и драматични, затоа секој кој ќе се најде во нивно друштво понекогаш може да се чувствува непријатно. Сепак, тоа не трае долго, бидејќи нивниот вроден шарм ве тера да заборавите се многу брзо. Тие се најфаталните дами на Зодијакот – дури и ако не се разделите со нив на мирен начин, сигурно е дека ќе ги паметите долго време.

Девица

Интелигентна, елегантна и пред се женствена – тоа е жената во знакот Девица. Нивниот нежен изглед е опоен, но не дозволувајте тоа да ве измами – Девицата е доказ дека има луѓе кои изгледаат смирено, па дури и наивно, но кои имаат друго лице кое вешто го кријат. Познати се како одлични аналитичари – тие го знаат секој ваш чекор однапред и нема шанси да ја измамите Девицата на кој било начин.

Слични објави

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо

Октриени детали за смртта на водителката Бојана Јанковиќ: Познатиот глумец со потресни зборови

еспресо
Се вчитува....