7.8 C
Скопје
01:58 - 30 март, 2026

Немаше ниту еден здраствен проблем: Аца од „Амадеус бенд“ за смртта на тапанарот Бојан!

Аца Стаминировиќ член на познатиот српски бенд „Амадеус“ е неутешен по смртта на неговиот колега од бендот, Бојан Златановиќ.

Златановиќ на 45 години ја изгуби битката со коронавирусот, а Аца открил кога последен пат се слушнале и открил дека Бојан верувал дека ќе биде добар.

Бојан Златановиќ

– Последен пат се слушнавме пред 9 дена, пред да биде ставен на респиратор… Кога зборувавме беше на кислородна поддршка… Веруваше дека ќе биде океј… Што се случи, никој не знае… Благодарност до докторите и директорот на болницата Драгиша Мишовиќ, тие се јунаци, дале се од себе за да го спасат – изјавил Аца за српски Телеграф.рс.

– Тој ќе живее со нас додека и „Амадеус“ бенд живее. Беше со нас од почетокот, од 1997 година – додал музичарот.

Бојан Златановиќ

– Немаше ниту еден здраствен проблем. Не беше пушач, ниту пиеше алкохол, ништо… Спортист бе! Со велосипед одеше од Белград до Крагуевац и назад .Позади себе остави син (6)… Тажно навистина, а ние како мажи кои сме биле покрај него мора да издржиме. Мораме да бидеме покрај семејството – изјавил Аца.

Instagram
Instagram

Инаку покрај музиката, Бојан бил и страствен љубител на мотори.

Бендот на својот Инстаграм профил ја имаат и последната заедничка фотографија на која се сите членови заедно со Бојан. На фотографијата сите носат заштитни маски како порака до јавноста како правилно се носат, а само Аца на шега ја има ставено преку очите.

Ниту еден од членовите не помислувал дека тоа ќе биде нивната последна заедничка фотографија.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....