Ѕвездата на филмовите „Top Gun“ и „Batman“ Вал Килмер, некогаш беше еден од најсексапилните и најуспешните холивудски актери. Денес тој ретко може да се види во јавноста, а кога ќе се појави, кај фановите предизвикува загриженост поради својот слаб изглед, отечено лице и необични модни комбинации.
Некое време се бореше со вишокот килограми, а многумина тврдат дека за неговата трансформација допринел и големиот број пластични операции кои не му помогнале да го задржи младиот изглед. Освен тоа, неговиот организам го исцрпи и макотрпната борба со злобната болест, која долго време ја негираше, исто како и естетските зафати.
Во последно време Килмер повторно започна да иде на одбрани настани, па така на друштвените мрежи овие денови се појавија фотографии од една изложба. 52-годишниот актер пуштил коса, изразено е ослабен, а на вратот ја носи својата препознатлива марама која му ја прикрива трахеостомата.
Килмер дури во 2017 година призна дека се бори со ракот на грло, и тоа од 2015 година, иако сето тоа време ги негираше гласините околу болеста. Во интервју за The Hollywood Reporter рекол дека болеста земала завав, тешко дише и го губи гласот.
Освен хемотерапија, актерот тогаш изјавил дека најмногу му помага верата. Припадник е на христијанската наука која учи дека секоја болест е резултат на „ментална грешка“, а со самото тоа може да се лечи со молитвa. За повеќето приврзаници на оваа секта, духовното исцелување е ефикасен избор, поради тоа им е тешко да се согласат на медицински третман и генерално се предаваат на моќта на молитвата.
Покрај болеста, Калмер продолжи со работата, се појави во неколку филмови кои не постигнаа преголем успех. Во 2017 година играше главна улога во хорор филмот „The Super“, а истата година се појави и во филмот „The Snowman“. Во 2018 година ја оствари улогата во иранско-американската комедија „Роден“.
После долго време, актерот наредната година треба да се појави во еден поголем филмски проект, а збор е за второто продолжение од култниот филм „Top Gun“.