10.8 C
Скопје
09:57 - 23 април, 2024

Најсмешниот пријател од „Пријатели“: Метју Пери, човекот кој го претепал Џастин Трудо

Пери е планетарно познат, омилен во речиси сите старосни категории, иако неговите „демони“ од приватниот живот ѝ се добро познати на јавноста

„Пријатели“ е една од најпознатите хумористични серии на сите времиња, а ликот на Чендлер Бинг, кој беше толкуван од канадскиот актер Метју Пери, според обожавателите е убедливо најсмешниот карактер во серијата.

Пери е планетарно познат, омилен во речиси сите старосни категории, иако неговите „демони“ од приватниот живот ѝ се добро познати на јавноста. Во една пригода тој дури откри и дека во училишните денови го претепал Џастин Трудо, актуелниот премиер на Канада.

Трудо беше единственото момче што бев во состојба физички да го надвладеам, веројатно и затоа го нападнав. Не се гордеам со тоа.

Повеќе на шега премиерот му порача на Пери дека е подготвен на реванш, но актерот го одби предлогот во негов стил, велејќи дека Трудо на располагање ја има канадската армија.
Животот на Метју не се состои само од смеа, црвени теписи и аплаузи. Тој поминал низ тешки периоди поради зависност од апчиња и други проблеми и скандали. Првата пречка во животот на Метју не е поврзана со холивудски забави, како што многумина мислат, туку со несреќа при скијање во 1997 г. По несреќата тој станал зависен од апчињата „викодин“.

Работите се искомплицирале по успехот на „Пријатели“. Тој ја снимал серијата на возраст од 24 до 34 години. Иако многумина мислеле дека го имал она што го сакал во тој период, тоа бил осамен бидејќи прекумерно консумирал алкохол. Го имал овој проблем и пред да почне серијата, но се влошил со текот на снимањето.

Метју првпат бил на рехабилитација во 1997 г. Една година подоцна изјавил дека тоа било најстрашното нешто со кое морал да се соочи во животот. Повторно бил на рехабилитација во 2001 г., а според медиумите, бил на третман во текот на снимањето на „Пријатели“.

Помеѓу двете рехабилитации Метју поминал две недели во болница поради акутно воспаление на панкреасот и изгубил 9 килограми. Откако излегол од болница, удрил со автомобилот во празна куќа. Не бил повреден и не биле пронајдени дрога или алкохол во неговата крв.

Метју третпат отишол на рехабилитација во 2011 г. Тогаш открил дека не му се вратил на алкохолот, туку сакал да биде проактивен и да го продолжи закрепнувањето. Оттогаш почнал да се залага за оние што имаат проблеми со дрога или алкохол.

Поради зависноста, Метју не памети детали од својот живот. Во едно интервју изјавил дека три години од „Пријатели“, некаде од 3. до 6. сезона, му се малку „заматени“. Во 2013 г. рекол дека му било тешко да ги маскира проблемите, но никогаш не користел дрога и не консумирал алкохол во текот на снимањето.

За да им помогне на другите што се соочуваат со овој проблем, Метју отворил центар за рехабилитација во Малибу во 2013 г., но морал да го продаде во 2015 г. бидејќи програмата не била финансиски одржлива. Подоцна изјавил дека планира да продолжи да го води центарот, но на друга локација.

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо

Браво за пејачот Никола Роквиќ: Ќе пешачи 1 150 км за хуманитарни цели

еспресо

(Фото) Ѕвезда до ѕвезда: Викторија Бекам објави нови фотографии од нејзината роденденска забава

еспресо

Избрани од универзумот: Четири хороскопски знаци на кои судбината ќе им донесе изненадувања наскоро

еспресо

(Фото) Оваа пејачка е на местото на Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“: „Цеца е строга, знае да викне“

еспресо

(Видео) Хаос во домот на српската пејачка: „Го знаете она кога 10 минути е чудна тишина…?

Еспресо
Се вчитува....