6.8 C
Скопје
12:06 - 25 ноември, 2024

„Најдовме мал „бисер“ – оставина од Фреди“: Рок-групата „Квин“ најави објавување на песна стара 33 години

Необјавена песна на рок-групата „Квин“, што на крајот од животот ја отпеал пејачот Фреди Меркјури (1946-1991), може да биде објавена во септември оваа година, соопштија членовите на бендот, Брајан Меј и Роџер Тејлор за Би-Би-Си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen (@officialqueenmusic)

„Најдовме мал „бисер“ – оставина од Фреди на која малку бевме подзаборавиле“, рече Тејлор. Песната е одлична. Тоа е вистинско откритие, од 1989 година и мислам дека ќе излезе во септември, додаде тапанарот на бендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen (@officialqueenmusic)

Меј од своја страна објасни како е откриена и дека се плашелe oти песната со работен наслов „Face It Alone“ во еден миг била изгубена, но на крајот ја нашле и решиле да ја објават.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen (@officialqueenmusic)

„Ни се чинеше, никој не знаеше каде е… Иако ја имавме наоколу. Ја баравме повеќепати и веќе мислевме дека не може да се најде“, изјавил гитаристот на бендот, оценувајќи ја прекрасна и трогателна, вели музичарот.

Бендот има издадено 15 студиски албуми, и речиси 100 милиони примероци продадени ширум светот. Последниот студиски албум на „Квин“ беше објавен во 1995 година, четири години по смртта на Меркјури, кој почина од СИДА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen (@officialqueenmusic)

И покрај смртта на вокалистот и заминувањето на басистот Џон Дикон, „Квин“ сѐ уште активно настапува со обновена постава. Во групата времено се менуваат Британецот Пол Роџерс и Американецот Адам Ламберт.

Слични објави

Конечно без кафеански маси и стомачен танц! Карлеуша се огласи за концертот на Тања Савиќ, колегите од „Гранд“ сè уште молчат

Еспресо

(Видео) Ќе ви разбуди носталгија: Елвир Мекиќ сними нова песна со Пајак и се врати на македонската сцена!

Еспресо

(Фото+видео) Што направила од себе! Линдзи Лохан дала 300.000 долари за промена на личниот опис

Еспресо

Почина словенечката манекенка Леа Плут на 38 години: Му беше девојка на Саша Капетановиќ

Еспресо

Хороскоп за 25 ноември: Јарците ќе бидат заводливи, Вагите ќе уживаат во ноќна забава

Еспресо

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Георгина Родригез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо
Се вчитува....