20:34 - 21 ноември, 2026

Младата раперка почина на 21 година под неразјаснети околности

Лекси се прослави со соработката со музучарката Келани, но и со своите обработки на песните на познати музички ѕвезди, меѓу кои и Дрејк.

Младата американска раперка Лекси Алиџеј, која во февруари би наполнила 22 години, починала под сомнителни и неразјаснети околности. Нејзината трагична смрт ја потврди нејзиното семејство, како и дискографската куќа со која имала договор.

Лекси се прослави со соработката со музучарката Келани, но и со своите обработки на песните на познати музички ѕвезди, меѓу кои и Дрејк.

Минатата година го издаде дебитанскиот албум „Super Sweet 16“, а многумина ѝ предвидуваа голема кариера.

„Луѓето велат да не ги преиспитуваме одлуките на Бог, но во овој момент е толку тешко да не се прави тоа. Зошто баш ти, душо? Ова што го нарекуваме живот е вистински пекол. Срцето ми е скршено на илјада парчиња, солзи ми паѓаат додека го пишувам ова. Лекси, те сакам повеќе од што можеш да замислиш“, напишала Келани и се простила со овие зборови од пријателката која ненадејно починала.

Слични објави

(Фото) Погача, жито, свеќа… Уна Чолиќ покажа како го слават Архангел Михаил во нивниот дом

Еспресо

(Видео) Џејла Рамовиќ никогаш попровокативна: Мини фустанот и белите чорапи до бутовите ја истакнаа нејзината фигура

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус ги засука ракавите и ја уреди својата оаза во природа, погледнете го нејзиното ново катче

Т.Ц.

(Фото) Саша Ковачевиќ ѝ остави јавна порака на поранешната на Инстаграм! Фаталната русокоса го прослави 33. роденден, а еве што ѝ напиша

Еспресо

Некому нова љубов, некому напредок на работа — кој е најсреќниот месец за вашиот знак во 2027 година?

К.С.

(Фото) Српската естрада денеска го слави Свети Архангел Михаил: Сармите на Брена им се омилени на сите, Чолиќ оди во црква со ќерка си, Неда го собира семејството на ручек

Еспресо
Се вчитува....