14:41 - 11 декември, 2025

Мажот ти е навреден и понижен, извини му се: Фановите на Гавазова лути по нејзиното видео со Боки 13

Сузана Гавазова да му се извини на сопругот Јасмин, вели еден коментар на нејзиниот Фејсбук профил, откако пејачката им се извини на своите фанови по вклучувањето во живо со шоуменот Боки 13 на неговиот ТикТок профил.

Бојан Јовановски познат како Боки 13 ја критикуваше за нејзиниот стајлинг, а во „лајвот“ се појави и јутјуберот Ритко.

Гавазова се пошегува: „Би му готвела, ама нека каже Ритко што сака да носам на себе.” Ритко посака таа да нема облека, но таа со насмевка одговори: „Не е интересно така, барем ако се работи за чизмите на Филип Плејн, во долна облека би му направила ручек и би му тверкала.”

Боки 13 ја обвини Гавазова дека лажела оти нејзиниот стајлинг чини 5.500 евра  во подкастот на Марио Арангеловски. „Не излажав, тоа е цена што ја одредила креаторката. Јас само ја носев креацијата“, рече пејачката. Гавазова на својот Фејсбук потоа објави извинување до јавноста.

-Чувствував потреба да ви се обратам и искрено да ви се заблагодарам на сите што ми испративте пораки со пофални зборови,а јас од срце ви благодарам за сите топли и искрени зборови. Вашата поддршка навистина многу ми значи, особено сега, кога поминувам низ тежок период.
Лајвот со Боки ми донесе многу немир, па затоа се чувствувам болно и многу тажно. Тој лајв беше замислен исклучиво како забава – да ве насмееме и да се дружиме на еден природен и опуштен начин.
Од мое име се извинувам до сите колеги и драги соработници кои беа навредени или опсувани. Искрено, не знам дали Боки ќе се извини, па затоа почувствував дека јас морам да го сторам тоа.
Што се однесува до Ритко – сè беше чиста шега. Целта беше само да ве забавуваме, и ништо повеќе“.
Под оваа објава имаше многу коментари, но еден вели:
-Најмногу треба да му се извиниш на мажот ти! Остави не нас. На некои им беше забавно, на некои ни беше одвратно! Во случајов мажот ти е оној кој вистински е навреден и понижен. Да правиш “забава” и тоа преку камера со двајца докажани нелуѓе навистина прво треба да не се почитуваш самата себе си, па сите други“.

Слични објави

(Фото) Нема позгодна баба од неа: По долго време, во јавноста се појави Даниела Темелковска

msp-admin

(Фото) Прослава во домот на Гога Секулиќ: Пејачката со емотивна објава му го честиташе најважниот ден на својот син

Еспресо

Влатко Миладиновски пред нов предизвик: Ќе пеам колку и да бара публиката на 28 декември

msp-admin

Јелена Карлеуша призна дека банкротирала и проговори за колегите: „Пејачите се најчесни луѓе!“

Еспресо

(Фото) Холивудски гламур: Ваква не сме ја виделе Сузана Гавазова

msp-admin

Ава Карабатиќ откри кој е таткото на нејзиното бебе: „Сакам син, ќе го носи името на татко ми“

Еспресо
Се вчитува....