5.8 C
Скопје
07:25 - 1 април, 2026

Мала астро школа: Бегате ли од реалноста?

Во астрологијата Нептун ги означува нашите уметнички способности, дали сме реални или фантазери, на кој начин ја доживуваме околината. Оваа планета владее со интуицијата, психичките способности, но и духовноста. Владее со музиката, поезијата, танцот, глумата.., но мистичниот Нептун знае да ни даде и збунетост, склоност кон измами и конфузност.

Да го погледнете заедно значењето на наталниот Нептун во 12-те атсролошки знаци, за подобро да се разбереме себе или оној за кого изработуваме натална карта.

Што значи да имате Нептун во Овен: Можете да имате соништа што ќе ве вознемируваат и будат. Вашата фантазија е премногу бујна. Имате нагласена интуиција. Сепак, бидете внимателни да не го предизвикувате „морето“ премногу.

Нептун во Бик: Доволно сте чувствителни за да можете да им ја покажете вашата љубов на оние кои ви значат. Имате живописна фантазија во кујната.

Нептун во Близнаци: Нагласено екстровертни и имагинативни. Црпете ја енергијата што доаѓа од идеите кои брзо минуваат низ вашата глава.

Нептун во Рак: Затворени во свој свет и не знаете како да излезете од тоа. Се чувствувате дека не сте разбрани од другите. Вашата фантазија се чини дека е далеку од онаа на другите кои не ве разбираат.

Нептун во Лав: Ваквата поставеност на Нептун дава голема имагинација достојна за моќта на самиот знак. Имате големи идеи, а најдобро е ако инвестирате во независни проекти – токму таквите може да ви донесат голем успех.

Нептун во Девица: Оваа поставеност на Нептун не е многу добра, и дава прагматични личности,  расудувачи, калкулатори и „интересџии“. Шкрта имагинација.

Нептун во Вага: Успевате да го пронајдете вистинскиот баланс, дури и при изборот на пријателства, исто како и во потрагата по идеи. Не сте многу склони кон имагинацијата, туку повеќе сте конкретни. Честопати вашите соништа зборуваат за неправдите со кои се соочувате.

Нептун во Шкорпија: Тука делувањето на Нептун е нагласено, па овие лица често се заинтересирани за  паранормалното. Совршена позиција за магионичари и хипнотизери.

Нептун во Стрелец: Вашите соништа често се поврзани со странство, со луѓе од други етнички групи. Вашата фантазија надминува вообичаени простори.

Нептун во Јарец: Не е добра позиција. Дава личности кои се премногу конкретни, нагласено реални и не се многу склони да сонуваат.

Нептун во Водолија: Одлична позиција на Нептун и гарантира многу слободни луѓе и одлични уметници.

Нептун во Риби: Нептун владее токму со овој знак и затоа тука се наоѓа во егзалтација. Одлична позиција која ја нагласува чувствителноста, имагинацијата и креативноста. Најдобри музичари, сликари, поети….

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....