19:16 - 29 ноември, 2026

Македонска гордост: Што доби Никола Станишиќ како победник на „Ѕвездите на Гранд“?

Големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ се одржа синоќа, а првото место го освои македонскиот пејач Никола Станишиќ. Никола беше кандидат на музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, која постојано го поддржуваше во текот на натпреварот, а синоќа со огромна радост ја прослави неговата победа.

Како и секоја година, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ добива вредни награди, а овој пат Никола доби и дополнителна награда.

Водителите Ана Севиќ и Милан Митровиќ минатата недела открија што подготвила продукцијата „Гранд“ за победникот.

– Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ се избира преку СМС-пораки од публиката, а како награда добива автомобил Fiat Tipo. Продукцијата „Гранд“ на победникот, покрај статуата, му доделува и ново признание со името Александар Саша Поповиќ – во чест на основачот на продукцијата и креаторот на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“. Победникот добива и песна со целосна маркетинг-поддршка, а годинава продукцијата ќе награди уште неколку финалисти со снимање на нивните први песни – соопштија тие.

Оваа година првпат е воведена и статуа на победникот која го носи името на Саша Поповиќ, во негова чест.

– Донесовме одлука статуата, која ќе ја однесе победникот или победничката во 2025 година, да го носи името на нашиот пријател, автор и основач на „Гранд“, Саша Поповиќ. Некој од овие млади луѓе од Србија или регионот ќе си замине дома со статуа со неговото име. Тоа е најмалку што можевме да направиме сега кога работиме без него – изјави Воја Неделковиќ за „Гранд“.

Слични објави

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.
Се вчитува....