17:43 - 9 ноември, 2026

Лепа Брена си ја отвори душата за Пријовиќ: Ми се плачe кога ќе помислам што го чека моето дете

Пејачката Лепа Брена го коментирала успехот на својата снаа Александра Пријовиќ, која распродаде пет Арени во Загреб и неколку Арени во Белград.

„Си посакав себеси да биде вака и да трае, човек да се чувствува добро, да се во добра форма, децата да напредуваат и растат, да имаме што повеќе внуци, Александра да одржи два милиони концерти и уште повеќе да ги нервира – рекла Брена за „Блиц“, најпрво одговарајќи на прашањето за тоа што си посакала за својот неодамнешен роденден кој го прослави на концертот на Александра во Белград.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Инаку, Александра Пријовиќ е сопруга на посинокот на Брена, Филип Живоиновиќ.

– Постојат две причини зошто мајките плачат. Првата е што секоја мајка е среќна што нејзината ќерка се омажила и што сега влегува во нов, многу убав период од животот. Втората причина зошто мајките плачат е кога ќе помислам за тоа што сè го чека моето дете, веднаш ми се плаче, затоа и плачев на концертот – открила таа.

– Тоа е многу емотивна приказна за мене и Александра и Филип работеа на тоа навистина долго. Таа е голем борец, една топла, нежна жена и тогаш помислив што сè ќе доживее и колку еден успех може да ги изиритира луѓето, а јас поминав низ сето тоа, па можев да ѝ дадам неколку совети. Кај нас не постои голем број луѓе кои постигнале голем успех и нема многу луѓе кои можат да траат 30 години – додала таа.

Да потсетиме, Александра Пријовиќ распродаде дури пет концерти во Арена Загреб.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....