13:26 - 8 април, 2026

Лејди Гага заврши со Дејвид Бекам! На Викторија и порачаа да си го чува мажот! (ВИДЕО)

Планетарно познатата пејачка Лејди Гага (33) и фудбалерот Дејвид Бекам (44) станаа заштитни лица на една популарна марка.

Гага на Инстаграм објави видео, односно рекламата на која таа седи на двосед покрај Дејвид и за многу кратко време почнаа да се шират разни коментари.

Тие двајца се наоѓаат во интимна просторија, а Бекам со насмевка на лицето ја прашува Гага како може да и се обраќа: Лејди или Гага?

Иако нив двајца ги спои само професионален проект, фановите во коментарите се прилично загрижени со оглед на тоа што се случува помеѓу Гага и Бредли Купер, кој по премиерата на нивниот филм „A Star Is Born“, раскина со манекенката Ирина Шајк со која има ќерка.

Поради тоа фановите на Викторија и порачаа да си го чува сопругот.

„Чувај се Викторија“, „Гага краде мажи“, „Викторија Бекам го напушти чатот“ – се само дел од коментарите.

Еве го видеото кое Гага го објави и со кое се крена голема прашина.

 

View this post on Instagram

 

@DavidBeckham and me for @tudorwatch. Full video out 10/30 #BornToDare

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova
Се вчитува....