5.8 C
Скопје
00:51 - 1 април, 2026

КРИТИКИ ЗА ХАРИ И МЕГАН ЗА ИЗЈАВАТА ЗА АВГАНИСТАН: „Не грижете се, нашите доаѓаат…“

„Не грижете се, нашите доаѓаат, војводите од Сасекс “, се шегуваат од „Дејли Мејл“ на вообичаениот провокативен начин по изјавата на Хари и Меган Маркл, (36 и 40 години), за нивната загриженост за Авганистан.

Хари и Меган им се обратија на светските лидери за ситуацијата во Авганистан

Двојката, од палатата Монтесито во Лос Анџелес, каде што се сместени, објавија белешка на веб -страницата на нивната фондација Арчевел, во која се вели дека „остануваат без зборови“ за ситуацијата откако Талибанците го зазедоа Кабул.

„Ние сме без зборови, светот повторно изгледа исклучително кревок“, напишаа Хари и неговата сопруга. Двајцата потоа истакнаа дека се со „скршено срце“ и за „хуманитарната катастрофа предизвикана на Хаити“ од неодамнешниот земјотрес, но го спомнаа и ковидот односно дека се загрижени за глобалната здравствена криза.

Војник во Авганистан

Како што е познато, Хари учествуваше двапати во британскиот воен контингент и во мисијата на НАТО. Првпат во 2008 година, кога неговата мисија беше прекината порано од очекуваното поради безбедносни причини.

Потоа, во 2012 година, тој беше испратен како копилот на хеликоптер Апачи. Дури и во тие околности принцот Хари беше предмет на закани од Талибанците.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....