3.8 C
Скопје
21:48 - 20 декември, 2024

Кристина Ричи ја откри темната страна на нејзиниот брак: Се плашев за мојот живот

Instagram

Актерката од филмот „Adam’s Family“, Кристина Ричи моментално се соочува со потресна семејна драма Странските медиуми објавија дека актерката се обратила до судските власти со молба нејзиниот сопруг Џејмс Хердеген да не ѝ се приближува на помалку од 90 метри поради наводно семејно насилство.

Кристина Ричи изјави дека некогаш морала да крие ножеви низ куќата, затоа што се плашела дека нејзиниот соруг може да ја убие, откако наводно рекол дека ќе му биде жал за неа само ако е „распарчена на делови“.

40-годишната актерка го обвини Хердеген дека наводно ја тепал, ја навредувал и ја фрлил кон каминот, предизвикувајќи ѝ посекотини и модринки пред да поднесе барање за развод во јуни минатата година.

Instagram
Instagram

Адвокатката на актерката, Саманта Спектор вели дека нејзината клиентка поседува фотографии од повредите што ѝ ги нанел нејзиниот сопруг и дека е подготвена да ги достави до судот.

Судот го одобри барањето на актерката и му нареди на Хердеген да се држи подалеку од Ричи и нивниот син Фреди.

Адвокатот на Хердеген, Лари Бакман вели дека неговиот клент „недвосмислено ги негира сите обвинувања од г-ѓа Ричи“. Тој истакна дека Хедеген, кој работи како кинематографер, има намера да поднесе тужба против Ричи, за која тој тврди дека ќе го открие „нејзиното насилно однесување поттикнато од злоупотреба на алкохол и опојни дроги“.

Instagram
Instagram

Актерката тврди дека семејното насилство од страна на Хердиген започнало кон крајот на 2019 година. За време на семеен одмор во Нов Зеланд истата година, таа тврдеше дека се плаши дека Хердеген може да ја убие.

Тој рече дека едиствено може да жали за мене ако ме распарчат на мали деловиТаа ноќ ги скрив сите ножеви во куќата каде што бевме сместени. Се плашев за мојот живот и животот на нашиот син. Спиев во посебна соба со Фреди со заклучена врата“, вели таа.

Кристина тврди дека Хердегн „брутално ја нападнал“ во декември 2019 година кога наводно ја претепал, плукал по неа и ја исмевал со „свински звуци“.

Instagram
Instagram

Овој инцидент било она што ја предизвикало актерката за нејзината одлука да се раздели од својот сопруг по осум години брак.

Ричи твди дека му кажала на Хердеген дека сака развод, но тоа било попречено со почетокот на пандемијата во март, кога за прв пат беа воведени каратините.

Бев заглавена во куќата со човек што физички и емоционално ме малтретираше и знаеше дека сакам развод“, изјави таа.

Instagram
Instagram

Ричи тврди дека Хердеген „се фокусирал единствено на казнување и тероризирање“ кон неа и дека се плашела да заспие.

Тие се венчаа во 2013 година по две години врска, а се запознаа на снимањето на „Pam Am“.

Ричи поднесе барање за развод во јуни 2020 година, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина зошто сака да го прекине бракот и единствено што бара е старателство над нивниот единствен син.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....