-2.2 C
Скопје
22:24 - 17 декември, 2025

Кори Фелдман ги објави имињата на педофилите во Холивуд и изјави дека тоа е најголемиот проблем во шоубизнисот! (ВИДЕО)

Кори Фелдман, некогашната тинејџерска ѕвезда од 80-те познат по улогата во филмовите „Gremlins“, „Goonies“ и „Stand by me“, во интервју за британскиот „The Guardian“ изјави дека „педофилијата е најголемиот проблем во Холивуд“. Фелдман и понатака тврди дека тој и Кори Хаим, неговиот најдобар пријател од тие времиња, биле сексуално злоупотребени. Двајцата беа големи актерски надежи, двајцата како полнолетни стануваа се помалку интересни за Холивуд, почнаа да се дрогираат, а нивната колешка Алисон Арнгрим изјавила дека тогаш се зборувало како двајцата ссе дрогирале и потоа биле сексуално искористени. И додека Фелдман во 1995 година престана да се дрогира, Хаим никогаш не се исчисти и почина пред 10 години.

Фелдман веќе долго време најавува дека во документарниот филм „Truth: The Rape of the Two Coreys“ ќе ја објави вистината, особено во делот во кој вели дека во 1986 година, на снимањето на филмот „Lucas“, Кори Хаима бил силуван од страна на високо позиционирана личност од Холивуд. Фелдман го режирал документарецот, продуцирал и напишал сценарио, но тврди дека премиерата непрекинато се одложува поради проблеми со осигурувањето. Во тој филм не само што ќе ги открие имињата на луѓето кои го силувале него и Хаима, туку ќе докаже дека постоела и завера за да се заштитат силувачите. „Никој не сака да ги брка лошите момци“, рекол Фелдман за „The Guardian“  покажувајќи бројни меилови во кои адвокатите одбиваат да дадат пристап до полициските извештаи и видео снимки од тие времиња.

Фелдман веќе објави некои од имињата на педофилите кои него и Хаим сексуално ги нападнале. Така во својата автобиографска книга „Choreography“ го објави името Рон Кримсон, што е псевдоним за Џон Грисома, небитен актер кој во 80-те глумел во 2 филма со Фелдман, а подоцна е обвинет поради педофилија. Тој рекол дека сексуално го искористувал и Марти Вајс, некогашниот менаџер на младите актерски таленти, кој во 2012 година е осуден на 6 месеци затвор поради педофилија. Третата личност која ја објавил е Алфи Хофман, сопственик на клубот во кој се организирале забави за деца помлади од 16 години, а неговиот татко работел за големи филмски компании и тоа како личност која ги избира актерите за филмовите.

Мајката на Кори Хаима се согласува со тоа дека нејзиниот син бил сексуално искористен, но се чуди зошто Фелдман веќе не ги објавил имињата на големите холивудски играчи вплеткани во педофилијата. Фелдман на тоа одговорил дека тие имиња ги оставил за филмот, така што би добил поголема гледаност на истиот.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....