01:35 - 11 ноември, 2026

Конечно добри вести од Австралија: Расел Кроу го покажа имотот пред пожарите и по дождот (ФОТО)

Изминатиот викенд конечно стигнаа добри вести од Австралија, чиј источен брег е целосно опустошен од стравичните пожари кои ја зафатија оваа земја во изминативе неколку месеци. 

Дождот значително ја подобри ситуацијата, а тоа ни го прикажа и актерот Расел Кроу, кој на Фејсбук објави фотографии од неговиот имот во Австралија за време на пожарите, како и по дождот кој паѓал во текот на целиот викенд кој е зад нас. 

„Мојот имот пред 10 седмици откако пламенот го проголта и утрово откако целиот викенд паѓаше дожд“,напиша актерот Расел Кроу на Фејсбук покрај фотографијата која ја објавил.

My place 10 weeks ago after the fire had gone through, and this morning after a big weekend of rain.

Publiée par Russell Crowe sur Dimanche 19 janvier 2020

 

На фотографијата се гледа целосната трансформација од комплетно запалената земја и шумата со прекрасното зеленило, кое повторно почнало да расте откако дождот паднал.

Неговата инспиративна фотографија собра над 25.000 допаѓања и речиси две илјади коментари.

Многумина му пишувале да му се заблагодари на Бог за дождот и дека се воодушевени од тоа што состојбата во Австралија полека почнала да се подобрува по страшните пожари.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....