6.8 C
Скопје
20:23 - 2 март, 2026

Колку одмор ви е потребен, според хороскопскиот знак

Нема личност во светот која не сака да одмори од секојдневието. Во овој текст прочитајте колку одмор ви е потребен според хороскопскиот знак.

ОВЕН

Сè додека имате добро друштво, можете да останете колку денови и да се потребни. Вие живеете во моментот и не ви пречи тоа да го правите и од дома и од одмор.

БИК

Доволни ви се неколку денови, бидејќи лесно ги полните батериите. Но, од друга страна, често мислите и на другите обврски, па може да се случи и да бидете на „игли“ уште по третиот ден.

БЛИЗНАЦИ

Вашата енергичност не ви дава долго време да бидете на исто место. Вас ви е сосема доволна една недела на одмор, но уште поважно ви е да имате барем уште еден ден за по одморот – да се одморите.

РАК

Сакате да бидете покрај море или езеро и не сакате да губите ниту еден од скапоцените мигови на плажа. Доволни ви се 5-7 дена, за да не се презаситите.

ЛАВ

Ако нешто ви е важно, тоа е одморот. Би сакале да останете најмалку две недели или пак, уште повеќе, но веќе по третата недела вашиот темперамент ќе бара нешто ново.

ДЕВИЦА

Се подготвувате за одмор подолго отколку што сте всушност на одмор. Доволен ви е барем викенд за да можете максимално да се релаксирате и да се оттргнете од секојдневните обврски.

ВАГА

Не ви е важно колку трае одморот сè додека сте мирни и одморени. Вие се задоволувате и со скромен избор на дестинација. Не дозволувајте ништо да го наруши вашиот мир.

СКОРПИЈА

Мечтаете за романтичен одмор дури и кога сте сингл. Токму поради тоа може да се случи воопшто и да не заминете. Но, ако сте со својата љубов, дури и цел месец ви е малку.

СТРЕЛЕЦ

Кога би избирале, би сакале цело време да сте на одмор и повремено да работите, колку да обезбедите пари за опстанок. Но, ако веќе мора, тогаш ќе се задоволите и со 10 денови.

ЈАРЕЦ

Вие не поднесувате долго да сте разделени од своите најблиски, особено од членовите на семејството. Затоа по 5-7 дена едвај чекате да се вратите дома.

ВОДОЛИЈА

Вашите желби немаат граници, но веќе по 10 дена ќе почнете премногу да размислувате за обврските кои ве чекаат и нема да можете да бидете релаксирани.

РИБИ

Кратките одмори до 7 дена се одличи за вас, а уште подобро ако немате проблем да заминете на патување сами. Морето и езерото се ваш прв избор.

Слични објави

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо
Се вчитува....