5.8 C
Скопје
02:29 - 1 април, 2026

Колинда стана актерка – Поранешната претседателка доби улога во хрватската хит серија

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ се проба и во улогата на актерка, откако беше повикана да гостува во популарната хумористична серија „Дар мар“ која се прикажува во Хрватска.

Поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ стана актерка, барем на еден ден. Како што дознава „Jutarnji list“, таа ќе заигра во серијата „Дар мар“, која се прикажува на хрватската Нова ТВ.

Колинда добила „камео“ улога, а снимањето успешно го одработила. Наводно, на сетот одлично се снашла и добро се забавувала, а епизодата во која глуми таа ќе биде прикажана во јануари.

Инаку, серијата „Дар Мар“, која е опишана како теленовела, започна да се емитува на 5 октомври, а во серијата играат Ксенија Пајиќ, Синиша Ручиќ, Милан Штрљиќ, Јан Керекеш, Ана Бегиќ Тахири и многу други.

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

„Одлично се забавував на сетот, затоа и се согласив на улогата“, изјави за „Jutarnji list“ поранешната претседателка на Хрватска, Грабар Китаровиќ.

Да се потсетиме, Колинда ја поддржа претставата „Predsjednci&ca (Претпоследната вечера)“ на Тарик Филиповиќ и Борис Свртан, во режија на Филиповиќ, која на средината на октомври беше свечено одиграна. Во неа, имено, таа беше еден од главните ликови, а ја играше актерката Орнела Виштица.

Актерката поради подготовка за оваа улога се дружела со поранешната претседателка, со цел на сцената да биде колку што е можно пооригинална. Ги проучувала нејзините движења, говор, бојата на гласот, специфичната должина на речениците и нагласокот гледајќи ги видео-записите, фотографиите и старите Дневници.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....