Дали сте подготвени за овогодинешните Оскари? Филмската академија денес ги објави номинациите за најпрестижните и најзначајните награди во забавната индустрија ширум светот.
Меѓу номинираните за најдобар филм се 10 остварувања – „Белфаст“, „КОДА“, „Не гледај нагоре“, „Вози го мојот автомобил“, „Дина“, „Кралот Ричард“, „Пица со сладунец“, „Кошмарна улица“ , „Моќта на кучето“ и „Приказна од западната страна“.
Кога станува збор за режисерите, номинирани се Кенет Брана (Belfast), Рјусуке Хамагучи (Drive My Car), Пол Томас Андерсон (Licorice Pizza), Џејн Кемпион (The Power of the Dog) и Стивен Спилберг (West Side Story).
Меѓу номинираните за главна женска улога се Џесика Честејн (The Eyes of Tammy Faye), Оливија Колман (The Lost Daughter), Пенелопе Круз (Parallel Mothers), Никол Кидман (Being the Ricardos) и Кристен Стјуарт (Spencer).
Кога станува збор за главните машки улоги, номинирани се Хавиер Бардем (Being the Ricardos), Бенедикт Камбербач (The Power of the Dog), Ендрју Гарфилд (Tick, tick… boom), Вил Смит (King Richard) и Дензел Вашингтон (Тhe Tragedy of Macheth).
Во категоријата за најдобар меѓународен филм номинирани се „Drive My Car“ (Јапонија), „Flee“ (Данска), „The Hand of God“ (Италија), „Lunana: A Yak in the Classroom“ (Бутан) и „The Worst Person in the World” (Норвешка).
Овогодинешното 94. издание на оваа престижна манифестација ќе се одржи на 27 март, традиционално во театарот Долби во Холивуд.
Целата листа со номинации можете да ја проследите ТУКА.