17:19 - 10 ноември, 2026

Клуни: Се уплашив кога дознав дека ќе добијам близнаци

Џорџ Клуни во своето последно интервју за телевизијата „CBS“ зборуваше за новиот филм на Нетфликс – „The Midnight Sky“ во кој тој игра. Во таа прилика раскажа нешто и за приватниот живот за кој отсекогаш актерот бил таинствен.

За својата сопруга Амал Клуни, со која се ожени пред шест години, говореше со суперлативи, и неколку пати нагласи колку таа љубов го променила.

„Нема воопшто расправии. Мојот живот целосно се промени откако во него влезе Амал. За прв пат некој друг беше поважен од мене. Повеќе не бев себичен, се што таа правеше и прави е многу важно. А потоа дојдоа и децата. Само уште тоа недостигаше за целосна среќа, а воопшто ништо не замислував така“, изјави 59-годишниот холивудски заводник.

Тој објасни дека за време на врската со Амал никогаш не зборувал за деца и брак, туку се дошло некако само по себе, спонтано и природно.

Сепак тој призна дека бил во мал шок и страв кога слушнал дека неговата сопруга носи близнаци.

„Бевме на ултразвук. Дознавме дека Амал носи момче, а потоа докторот рече дека ќе го погледне уште едното бебенце. Бев шокиран. Се плашев како ќе се справам со две деца на мои години. Десет минути гледав во екранот со неверување“, се присети Клуни.

Без оглед на се, тој денес е пресреќен што неговите близнаци Александар и Ела се имаат еден со друг.

„Сето тоа е необјасниво и многу убаво. Всушност, дури сега, кога неколку месеци ги поминавме во изолација во домот со децата, целосно ја разбирам мојата мајка која одгледувала две деца сама без ничија помош“, заклучи актерот.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....