9.8 C
Скопје
13:00 - 1 април, 2026

Ким Кардашијан сака да научи да каже „НЕ“ и да биде построга со децата

Американската богаташка, риалити ѕвезда, инфлуенсерка, дизајнерка…, мајка на четири деца, зборува за воспитувањето на своите деца.

Таа е свесна дека нејзините деца, како што ќе растат, ќе имаат бесконечни можности во споредба со другите деца. И, токму поради оваа причина, 40 -годишната Ким Кардашијан сака да го промени начинот во нивното воспитување.

Ѕвездата си ја отвори душата за списанието Parents.com, раскажувајќи како е да се биде мајка на четири деца, Норт, Чикаго, Сент и Псалм, сите од поранешниот сопруг Кание Вест или преку сурогат мајка (во случајот на Чикаго и Псалм).

„Почнав конечно да кажувам „ не “и да бидам построга: тоа е она што треба да го научам да го правам!“, вели Ким, која неодамна го позајми својот глас за нов лик во цртаниот филм PAW Patrol на „Парамаунт“ кој премиерно ќе биде прикажан на 20 август.

Освен што станала построга, претприемачката е целосно задоволна од нејзината улога како мајка и хармонијата што успеала да ја создаде меѓу своите деца.

– Во моментите кога викаме „не“, сите изгледаме лудо, но јас можам да останам смирена. И тоа е одличен успех кога станува збор за занимавање со петгодишни деца кои трчаат насекаде!, се пошегува Кардашијан и нагласува:

„Не се распаѓам, иста каква што сум нормално во животот, исто таква сум и со нив“.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....