14:17 - 12 ноември, 2026

Ријана во 15 секунди ни објасни зошто годината ни е ужасна и како да ја поправиме

Музичката ѕвезда и неодамнешна милијардерка Ријана можеби го издаде својот последен албум во 2016 година, но таа стекна неверојатно богатство благодарение на компанијата за производи за убавина „Fenti Beauty“.

Обожавателите на Ријана со години бараат од неа да издаде нов албум и да ја остави настрана успешната компанија за да се посвети на музиката, на што пејачката еднаш со насмевка одговори: „Се колнам во својот живот, ако уште еднаш некој ми спомне албум… “.

Пејачката од Барбадос стана успешна деловна жена и барана актерка во последните пет години, но добро знае дека никому не му беше лесно во 2020 година, па и во 2021.

Ријана објави видео на „Твитер“ во кое момче не се откажува од трката со пречки, иако паѓа или се сопнува на секоја пречка.

Пејачката, која знае дека оваа година беше предизвикувачка за многумина и полна со неуспеси, напиша коментар со видеото: „Запомнете дека не е до вас, тоа е до 2021-ва година“.

Ријана кажа една голема вистина, можеби сега ни е тешко, но не треба да се откажуваме од трчање понатаму.

Извор: „zena.blic.rs“

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....