07:28 - 4 ноември, 2026

Кики Мукаетова проговори дека била жртва на врсничко насилство: „Ниту едно дете не заслужува исплашено да излегува од дома“

Вознемирувачкото видео од Аеродром на кое се гледа врсничко насилство, отвори многу општествени прашања. Голем број јавни личности напишаа свој став за оваа тема, а и младите се сè поактивни гласноговорници.

Водителката Кики Мукаетова, ќерка на Живко Мукаетов, се охрабри и јавно проговори за тоа дека кога имала десет години била жртва на врсничко насилство.

„Двапати пукнат нос, скршена рака, безброј трауми. Долги години работа со психолог и пак имам морници“, се присетува Мукаетова на лошите денови од минатото.

 

Таа ги критикува оние што гледаат од страна и не преземаат ништо.

„До кога ќе гледаме деца како тепаат, понижуваат и снимаат? Колку треба човек да биде несреќен за да направи вакво нешто? А вие што стоите од страна и хушкате додека едно дете е претепано и понижено – дали навистина мислите дека тоа ве прави силни? Не сакам мојот брат да расте во средина во која насилството е забава, а туѓата болка повод за снимање. Ниту едно дете не заслужува исплашено да излегува од дома“, вели Кики.

Признава дека не ѝ било лесно да го напише ова и ги охрабрува жртвите да пријавуваат.

„После два дена пиши-бриши, можам само да кажам: дечки, не молчете. Пријавете на време.
Молкот ништо нема да реши. Само ќе го направи проблемот поголем. Има начин, има институции, има луѓе што ќе ве сослушаат. Пробајте“, стои во нејзината објава.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kikss (@kiki_mukaetova)

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....