19:00 - 27 ноември, 2026

Киану Ривс е бесмртен! Глумецот во центарот на смешна теорија на заговор

Многумина се согласуваат дека 55-годишниот холивудскиот актер Киану Ривс „достоинствено старее“, но некои од неговите обожаватели веруваат дека има и нешто натприродно во неговиот изглед. Истакнуваат дека има друго објаснување за неговиот младешки изглед.

Постои цела страница посветена на тврдењата дека Киану живее со векови и само го менува својот идентитет. Добро прочитавте! Теоретичарите на заговор велат дека еден од „потврдените“ идентитети на Ривс е, Шарлемањ, крал кој живеел од 742 до 814 година од н.е.

Според сликите на кои е прикажан кралот, многумина се убедени дека токму тој е Киану. Тие исто така наоѓаат сличности и со Пол Моне, доктор и актер кој живеел во 19 век. Според теориите на заговор, Моне не умрел, туку ја исценирал својата смрт во 1922 година. Телото на лекарот, наводно, никогаш не било пронајдено, што само ја поттикна фантазијата на неколкуминара фанови на Ривс кои се убедени во оваа теорија.

Тие гледаат доказ за сè во фактот дека Киану наводно не старее како што поминуваат годините.

Keanu Reeves doesn't age

Богатството на Ривс се проценуваат на 360 милиони американски долари, иако повеќето не би рекле така, со оглед на тоа што тој не се расфрла со своето богатство. Позната е неговата трагична љубовна приказна. Го изгубил детето што го имал со колешката Џенифер Сајмм, а потоа таа загинала во сообраќајна несреќа.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....