13.8 C
Скопје
17:25 - 31 март, 2025

Кејти Холмс ја откри тајната која сите сакаат да ја знаат!

Откако неодамна ја прекина 6-годишната врска со актерот Џејми Фокс, актерката Кејти Холмс изгледа подобро од било кога. Деновиве таа позирање во светликав сребрен фустан за магазинот Shape, чија насловна страна ќе ја краси во декември, а по тој повод оваа 40-годишна дама ја откри тајната на својот младолик изглед.

Instagram

„Тренирам четири пати неделно. Битна ми е разновидноста, инаку ми станува досадно. Сакам велосипедизам, бокс и јога, а повремено одам и на часови по танц. Имам и сопствен статичен точак на кој тренирам кога морам рано да станам“, рекла Кејти за Shape и открила дека друштво за време на тренинзите понекогаш и прави и 13-годишната ќерка Сури, која ја има од бракот со поранешниот сопруг, актерот ТомКруз (57).

„Понекогаш вежбам со својата ќерка, зависи од денот. Секоја од нас има своја рутина и тие повремено се поклопуваат. Но, не ја терам да вежба со мене, знам дека тоа е бедно“, рекла Кејти која се префрлила и на исхраната.

Profimedia

„Се трудам да имам балансиран пристап кон храната. Важно ми е да внесувам нутритивно богати намирници, но не сум опседната со тоа. Кога идам на вечера со друштво, уживам во тоа. Доколку таму служат брза храна, јадам и наредниот ден конзумирам здрава храна. Моја омилена храна е начосот. Сакам и слатки, торти… А понекогаш уживам и во некој огромен сладолед. Се на се, прилично сум здрава. Наутро обично пијам смути, а јадам и многу салата и риба. Избегнувам јаглехидрати како тестенини и леб, од нив ми се спие. Сакам храна и сакам да готвам. Прекрасно се чувствувам кога ќе го погодам рецептот, бидејќи понекогаш може да е збунувачки. Или си на телефон, или нешто ти пречи па не можеш да се сетиш дали си ја ставил вистинската состојка. Дали ставив сол? Или можеби тоа беше шеќер?“, објаснила актерката.

Profimedia

Открила и дека се чувствува привилегирано со тоа што станала мајка во раните 20-ти, така што немало потреба да го промени својот животен пат. Иако последните 7 години самостојно ја одгледува својата ќерка, ништо не ѝ е тешко, а со ќерката Сури развива посебна врска и пријателски однос.

Потсетуваме и дека Кејти нема многу среќа во љубовниот живот. Таа и 51-годишниот актер Џејми Фокс ја прекинаа својата врска во мај годинава. Парот беше заедно од 2013 година, отприлика околу година дена откако се разведе од Том Круз. Кон крајот на минатито месец во јавноста протекоа информации дека Кејти е повторно заљубена, а изворот за странските медиуми открил дека станува збор за 48-годишниот актер и колега од филмот „The Secret“, Џошуа Лукас. Меѓутоа двојката се уште ги нема потврдено гласините.

Слични објави

Поради семејната трагедија Вики Миљковиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе ја заменува во жирито

Еспресо

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо
Се вчитува....