7.8 C
Скопје
10:57 - 1 април, 2026

Кеба направи шоу во „ТЛЗП“, а Северина му кажа неколку зборови и се расплака (ВИДЕО)

Вчера се емитуваше нова епизода од шоуто „Твоето лице звучи познато“, а настап за паметење имаше пејачот Драган Којиќ – Кеба. Фолкерот го имитираше пејачот од групата „Rammstein“, Тил Линдемен и ја изведе песната „Feuer Frei“.

Кеба уживаше во улогата и поради тоа направи вистинско шоу во публиката. Сите го оценија неговиот настап како фантастичен, а емотивни зборови му упати неговата снаа, пејачката Северина која беше во жирикомисијата.

– Јас не барав нормален свекор. Јас барав некој кој ќе ми биде моја потпора. И морам да кажам дека откако го загубив рано мојот татко, сега е тој мој татко. Јас го обожавам и го сакам. Тој не е само свекор, тој е и дедо – му се обрати Севе на Кеба со солзи во очите.

Дека Кеба исто така започнал да плаче, забележал и Урош Ѓуриќ од жирикомисијата.

– Сега и тој плаче – рекол Урош.

Погледнете како тоа изгледаше:

https://www.facebook.com/watch/?v=2478796459068687

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....