11.8 C
Скопје
15:56 - 30 март, 2026

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Српската водителка Јована Јеремиќ наскоро ќе се всели во луксузна куќа во белградската населба Гроцка, која ќе се вика „Вила Јована“, а ја добила на подарок од нејзиното момче, бизнисменот Драган Станковиќ.

„Имотот што ќе го носи името ‘Вила Јована’ беше подарок што ја воодушеви Јована и затоа Драган ѝ даде слобода да го опреми нивното идно катче како што таа сака. Иако била подготвена финансиски да учествува во опремувањето, тој не ѝ дозволил, туку ја отворил чантата и ѝ рекол дека нејзината грижа е само да избере и да нареди. Таа тоа го сфати доволно сериозно и за само две недели потроши 70.000 евра на мебел, бела техника, бања, електрични апарати и оаза покрај базенот“, изјави извор за „Блиц“.

„Во рамките на луксузниот недвижен имот на Јована, покрај базенот, има и овоштарник и поглед на реката, што ја инспирирало да ја дизајнира сопствената оаза на мирот и градината од соништата. Освен надворешноста, планира и целосна реконструкција на внатрешноста на вилата, нови ѕидни бои, нови подови, прозорци и врати. Реконструкцијата на имотот ќе чини дополнителни 50.000 евра, а судејќи според она што Јована го предвидела за дворот, тој трошок ќе го удвои“, тврди соговорникот.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....