01:02 - 10 ноември, 2026

Карди Би и маж ѝ се напиле, а после предизвикале хаос поради шампањско (ВИДЕО)

Карди Би и нејзиниот сопруг Офсет малку повеќе испиле додека биле во стриптиз-клуб во Мајами.

Потоа Офсет предизвикал масовна тепачка, пишува Пејџ сикс. Раперот предизвикал хаос откако нападнал случаен минувач за кого се посомневал дека неговата сопруга ја потурил со шампањско.

Карди Би е видена неколку часа пред инцидентот во ноќниот клуб „Лив“ околу два и триесет наутро. Нејзиниот сопруг се појавил неколку часа подоцна и ѝ се придружил. Сведоците тврдат дека двајцата пиеле цело време додека биле во клубот.

„Таа не се одвојуваше од шишето „Корона“, а потоа пиеше и на сцената за време на настапот. Ја подигна чашата и наздрави со публиката за да не пие сама, како што рече“, тврдат сведоците.

Други сведоци велат дека цело време пиела и дека изгледала премногу пијана за да биде во состојба да го заврши настапот, а наводно од клубот кој го платил концертот инсистирале да ги испее сите песни кои требала да ги испее според договорот.

Во меѓувреме, кога Офсет со неа ја изведувал песната „Clout“, неколкумина тврделе дека на него симулирала орален секс.

„Тоа траеше извесно време“, рекла една девојка од публиката, иако други тврделе дека само клечи зашто ја болеле стапалата од неудобните чевли.

Потоа парот се упатил во стриптиз барот „Буби трап“.

ТМЗ објави видео на кое се гледа како парот стои покрај подиумот и изгледа како Карди да е полеана со шампањско, додека Офсет налутен го бара оној што ѝ го истурил шампањското, а потоа замавнува кон масата луѓе. Обезбедувањето го спречило да предизвика масовна тепачка, а парот го напуштил клубот по инцидентот.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....