3.8 C
Скопје
06:47 - 16 ноември, 2024

КАНЈЕ ВЕСТ И ЏУЛИЈА ФОКС ЈА НЕГИРААТ КРИЗАТА: Тој сè уште мисли на Ким Кардашијан

ким кардашијан, канје вест

По гласините (демантирани) за наводното раскинување, Канје Вест и Џулија Фокс се посилни од било кога. Сепак, Вест продолжува да зборува за Ким Кардашијан, а таа не премолчува…

Сите гласини за хипотетичкото раскинување на раперот Канје Вест и актерката Џулија Фокс се демантирани, тие двајца изгледаат посилни од кога било. Извор близок до парот изјави за PageSix дека одлуката на актерката да ги отстрани сите фотографии со раперот од нејзиниот Инстаграм профил нема никаква врска со нивната врска. Истиот извор додаде: „Таа ги избриша фотографиите бидејќи коментарите на корисниците беа навистина лоши и таа не сакаше да има никаква врска со нив“.

Самата Џулија подоцна ги негираше гласините преку нејзините „стори“ на Инстаграм. Таа изјави во неделата:

„Дечки, опуштено. Престанав да ги следам фан страниците бидејќи ми здодеа да се гледам себеси на почетната страница. За жал, Инстаграм повеќе не е забавно место. Морав да ги избришам е*ените фотографиите бидејќи ги читав коментарите во кои пишуваше: „Си објавила фотографии на кои само ти изгледаш добро“. Значи, без расправии околу наследничката и поранешна сопруга на раперот, Ким Кардашијан.

Навистина, Џулија многу се залага за решавање на комплицираниот однос меѓу Канје и Ким, особено за доброто на нивните деца.

Во последно време,  двајцата поранешни сопружници се во вистинска медиумска битка, а битката се префрли и на социјалните мрежи.

Раперот се почесто бесот јавно го искажува. Но и Ким не останува нема на неговите обвинувања, особено кога децата се во прашање. Таа неодамна му порача дека тој има сериозни проблеми и си зема за право да ја напаѓа во секое интервју за она што го прави. „Неговата опсесија го наведува да се обиде да ја контролира и манипулира нашата ситуација на многу негативен и јавен начин, а тоа не прави ништо друго освен, што предизвикува многу болка“, заклучи инфлуенсерката.

Едно е сигурно, штом раперот толку се „пали и жари“ на секој гест или изјава од екс-сопругата, сигирно се уште многу му значи.

 

Слични објави

Старлета шокираше со изјава за Милан Калиниќ: „Се бакнуваше со една жена во соседството иако не беше разведен“

Еспресо

(Видео) Српската војска го забрани: Погледнете го спорниот спот на Лепа Брена, кој итно беше тргнат од ТВ!

К.С.

(Фото) Ѝ се бројат ребрата: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ шокираше со новите фотографии, станала коски и кожа

Еспресо

(Фото+Видео) Македонката Теа Ѓоргиевска блесна на Мис Универзум во традиционална носија!

Еспресо

Инди Арадиновиќ и Зоран Марјановиќ патуваат за Дубаи: Композиторот по осум години првпат ја напушта Србија

Еспресо

(Фото) Анастасија дојде во Белград, ги собра кумовите на едно место и сподели важен момент: Ги воодушеви сите со објавата

Еспресо
Се вчитува....